Home Палеолит Уметноста на леденото доба – Ласко на Нил и Мамутите во Швабија

Уметноста на леденото доба – Ласко на Нил и Мамутите во Швабија

3,329 views
1

И додека сите се возбудени (а како и не би биле) околу пронаоѓањето на мумијата која и припаѓала на древната египетска кралица Хатшепсут (1,2,3), светската мејстрим научна јавност остана со подзината уста, особено по уште едно големо откритие кое се случи деновиве во селото Кварта (Qurta) на северо-исток од Ком Омбо. Пак во Египет. Во овој случај не се работи за пирамиди, мумии и владетели, туку за огромни карпи кои се декорирани со Палеолитски цртежи, слични како оние на ѕидовите од француската пештера Ласко (Lascaux). Тимот на белгиски археолози кој ги пронашол тврди дека овие цртежи се оригинални и датираат многу порано од иконографијата која на науката и е позната од т.н. ,,Прединастички период” во 4 милениум BC. На илустрациите (како што можете да забележите и од некои слики) има нилски коњи, риби и човечки фигури кои се наоѓаат на површината од карпите.

извор: Al Ahram

За разлика од нив, археолозите од Универзитетот во Tübingen во Швабија (како што самите си ја викаат) ја открија првата интактна фигурина на мамут направена од слонова коска, која докажува дека предокот на денешниот модерен човек имал когнитивни капацитети за изработка на уметнички предемети.

Пештерата Vogelherd во ЈИ Германија на науката и е позната по тоа што и во 1931 година дала неколку примитивни примероци на уметност. Но во овој случај се работи за артефакт кој припаѓа на периодот познат како Орињасиен (Aurignacian) и според геолошкиот контекст и радиокарбонското датирање е проценет на околу 35 000 BC. Воедно, за сега ова е и најстариот познат наод од Леденото Доба во светот, каде како подлога за изработка на еден ,,уметнички” примерок е користена слонова коска.

Извор: Spiegel online

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here