Home Археологија Сензационалноста на европските неолитски куќи

Сензационалноста на европските неолитски куќи

2,379 views
0

Техниката на градење неолитски куќи и е одамна позната на науката. Независно во кој дел од светот се наоѓаат неолитските градби, секаде се употребува плитарот – техника на конструирање која вклучува исправени столбови и испреплетени хоризонтални гранки кои се покриени со кал, за да направат ѕид. Археолозите имаат еден работен назив за смесата од кал со тревки која се налепувала на ѕидовите од неолитските куќи – т.н. лепеж (анг. wattle and daub). Кога ќе се најде лепеж на некое теренско рекогносцирање (површинско препознавање на еден локалитет), освен керамичките фрагменти, тој посведочува дека на тоа место мора да имало некое живеалиште, куќа или пак можеби цела населба. Ова генерално се однесува на археолошките локалитети од праисторијата, бидејќи техниката на градење куќи и материјалите се менуваат со напредокот на цивилизацијата.

Лепежот дава многу информации за една неолитска куќа, почнувајќи од техниката на градење, па се до уредувањето и декорирањето на нивната внатрешност. Така дознаваме дали имало и какви биле отворите на прозорите и вратите, дали тие биле бојадисувани со бои и орнаменти или пак биле обесувани ткаенини и таписерии по ѕидовите и сл.


Неолитска куќа во Холандија (7000 B.C.)
за повеќе информации на линков

Веста која веќе два дена кружи по медиумите на интернет ни опишува еден наод од неолитскиот локалитет на островот Orkney, каде се пронајдени остатоци кои по пат на анализи укажуваат на тоа дека луѓето сами си ја припремале бојата и ги бојадисувале ѕидовите од куќите. И сето ова би било навистиина одлично откритие, да не го направија Британците толку сензационално, налик на изјавите од некои македонски археолози. Се во Британија е најстаро во Европа, вклучувајќи го и најраното припремање на пигменти за цртање.

За разлика од неолитските луѓе кои ја населувале Британија во 3 милениум п.н.е, луѓето од Чаталхјујук побајаги милениуми пред нив, не само што самите си ги правеле боите за сликање и цртање, ами оставиле цели мурали зад себе на ѕидовите од своите куќи.

Пред 9 000 години група на неолитски луѓе во низините на централна Турција, удобно се сместила крај коритото на една река. Подигнале населба која пораснала до 8 000 луѓе со 2 000 куќи на простор од 26 хектари, со големина на денешни 24 фудбалски игралишта. Но и во подоцнежниот период тие немале улици, па влегувале преку крововите на своите куќи. Кога ќе влезеле преку кровот, надолу се спуштале во пријатен простор кој бил полн со сликарии и склуптури кои ги доловувале бикот, еленот, леопардитe и човечките фигури.

Градот кои го подигнале денес е познат како

Chatal Höyük (Чаталхјујук)

[youtube]dCCHewqJvQk[/youtube]

Реконструкција на неолитска куќа од археолошкиот локалитет
Говрлево, крај Скопје

За разлика од британскиот монохромен неолитски светоглед, Македонија има богат колоритен неолитски свет за кој ретко се знае во науката. Од причина што за жал отсустуваат научните публикациите на англиски јазик за овој период во светските списанија. Затоа, се она што ние не знаеме да го направиме, Британците го компензираат на најспектакуларен начин. А што да додадам, така и ни треба кога не знаеме да го искористиме барем интернетот како медиум за самопромоција!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here