Home WWWести Свеќа на Велики петок за загубеното богатство на Ирак

Свеќа на Велики петок за загубеното богатство на Ирак

1,294 views
0
Во периодот од 10-12 април 2003 год. breaking news во светот беше веста дека од Националниот музеј во Ирак систематски беа украдени и уништени вредни предмети, при што се утврди дека недостасуваат 7000 артефакти, а таа бројка до денес е веројатно дуплирана. Настанот се случи по повод упадот на ,,цивилизираните” USA трупи при влегувањето во Багдад.

Детал од Портата на Иштар – Пергамонски Музеј, Берлин
за видео клипот клик тука

Пострашно од ова е уништувањето, крадењето и препродавањето на артефактите од незаштитените археолошки локалитети, при што некој од нив се комплетно загубени за светската цивилизација. Таков е случајот со Бабилон (Babylon).

Да биде катастрофата и разорувањето поголемо, по падот на Садам во 2003 год. полските војници го употребија како воена база. Овие две ,,несреќи” го принудија UNESCO да го симне Бабилон од Светската листа на културни добра, со што светот веројатно го загуби еден од најмоќните локалитети засекогаш. 🙁

Видео клипот на SAFE (Saving Antiquities for Everyone) во спомен на настанот кој придонесе луѓето да бидат лишени од нешто што во минатото го носеше епитетот ,,Лулка на цивилизациите” е направен во соработка со Donny George Youkhanna, поранешен директор на Ирачкиот музеј во Багдад, кој говори за настаните од април 2003 – та година.

А јас палам една свеќа на Велики петок. Во мојата душа се уште гори кандилце. Без ова богатство сум посиромашна и јас, а богами и ти читателе мој.


Додаток:

Датабаза на написи поврзани со уништувањето на Ирачкото богатство

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here