Home Тајната книга (серијал) Тајната книга – Дуализмот како основа за религија (8)

Тајната книга – Дуализмот како основа за религија (8)

1,929 views
0

 

Во секој акт од животот на Богомилите се чувствувал тој дуализам, таа спротивност. Тое е и случај со симболите кои се исто така важен линк во разбирањето на самиот филм и на Богомилската доктрина. Гулабот, црвена боја (боја на Богомилите), змијата, јаболките итн Разликата помеѓу православните христијани и Богомилите била во многу нешта, помеѓу кои се и иконите. Не е вистина дека тие не оставиле никаков материјален доказ зад себе. Само треба добро да се протумачат значењата, за да не се отиде во погрешна насока.


Црквени двери, манастир Трескавец, Прилепско

Ако христијаните верувале во тоа што го представувале на своите икони, Богомилите го представувале она во кое што верувале. Имено, некои украсни детали на иконостасите и царските двери во црквите, д-р. Чаусидис денеска ги толкува во богомилска насока. Иако тие можат да бидат протолкувани и според ортодоксната христијанска перспектива.

Симболизмот владее во секоја реченица, во секоја сцена, во секој милиметар наснимена филмска лента. Борбата на доброто со лошото, на господ со ѓаволот, на црното со белото. Еден симболичен бинарен систем како репрезент на целото движење на Богомилите.

И пак ќе напоменам како во претходниот пост од овој серијал. Не можеш да коментираш за една религија, ако не ги знаеш симболите кои се нејзини репрезенти, вклучително со тоа од каде дошле, што таму представувале и на кој начин се инкорпорирале во споменатата или во некоја друга религија.

Напомена: текстот е веќе публикуван

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here