Дома Тајната книга (серијал) ,,Тајната книга” е запишана во секое срце (10)

,,Тајната книга” е запишана во секое срце (10)

1,765 views
0

 

Понекогаш во филмската индустрија, како во овој случај, содржината е поважна од пакувањето. За мене филмот каков и да е, представува своевидно мало ремек-дело. Би сакала да обрнам внимание на неколку други елементи кои провејуваат во Тајната книга, кои ќе ги протолкувам според моето субјективно мислење. Ми се допадна визуелизацијата на средновековието. Од архитектурата, до облеката, како и представата на тогашните комплексни средновековени друштвено-културни феномени, кои преку извонредно експилцитен карактер се примамливи за сите конзументи на филмов. Една сакралност до коска соголена. А артефактите во филмот, погледнати низ времеската лупа го оживуваат духот на едно време, на еден среден век… како од книгите.

Веројатно посебна атмосвера на Тајната книга му дава музиката, правена во духот на византиската традиција. Користејќи автентични инструменти, авторот Тоше Поп Симонов во повеќе наварати успева (како што вели Кибицерот) да ви предизвика чувство на ,,пеперутки во стомакот”.

И така по цел серијал, веројатно дојдов и до последниот текст, а се уште не ги исцрпив сите теми за кои може да се зборува. Во меѓувреме ,,Митот за Тајната книга стана реалност. Филмот носи порака поголема од религијата. Порака која е повеќедименионална и временски и просторно неограничена. Со онолкав капацитет кои ќе си го приуштиме. Порака за љубовта. Од Македонија. За цел свет.

Во секој случај за тајната на една книга ќе се зборува многу долго и по фимот бидејќи: ,,Не постои тајна книга во хартиена верзија. Секое срце е книга каде се запишуваат тајните”.


Крај на серијалот

p.s. им благодарам на сите кои ме следеа, читаа и коментираа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име