Дома Администрација Славам јубилеј

Славам јубилеј

1,335 views
0
Гледам по блогосверава во последно време, сите нешто почнаа да слават, па си велам ајде и јас да го означам овој посебен ден. Реков дека ако сум во можност, мојата блог статистика ќе ја направам на годишнината од моментот кога станав блогер. Богами ќе ми треба доста време бидејќи претходната блог платформа на која бев (читај он њет), долго време немаше категоризација на постовите. А и таа која ја направи, не беше некое најсреќно решение.

Инаку на денешен ден од моментот кога го отворив Археолошки дневник vol.1 на оваа платформа, поминаа точно 7 (со бројки – седум) месеци. Зошто додека се скрасив на еден сервер, имав баш полуномадско виртуелно патешествие.

Според ставот на еден блогер, чие мислење го ценам, да се опстане седум месеци на еден сервис, без промени на домеини, никнејмови и сл. не е шала, туку успех, со оглед на алчните можности кои ти ги нуди пространството на интернетот.:)))

Како и да е, од постоењето на екпанзијата на блогирањето во Македонија, некои луѓе не научија дека Блогерајот е поголем од оној на он њет, ама научија кога се наоѓаат на интернет да си прават филм дека го поседуваат.

Блогосверата допрва ќе се развива, а некои блогови ќе продолжат да живеат и независно од нивните газди, т.е. администратори. Не е далеку денот која секој човек ќе има свој блог на некој од илјадниците сервиси по светот. Па така кога ќе се запознаваат, луѓето наместо сегашното – кој ти е мејлот – ќе викаат – кој ти е блогот? :)))

Е, па наздоровје нек ми е јубилејот. 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име