Ренесанса – препород на уметноста и науката. Сите знаеме од каде почнал во раниот 15 век еден од најбогатите периоди во историјата на уметноста, кога земја како Италија се ослободила од феудалните опкови, а збогатувањето на градовите Фиренца, Сиена, Венеција и Џенова овозможило брз развој на сите облици на културата која за разлика од порано почнала да станува сопственост на се пошироките кругови. Во историјата на уметноста како предвесник на ренесансата се смета Ѓото (Giotto 1266-1337), уметникот кој успеал да ги надмине влијанијата на вкочанетата византиска иконографија толку присутна кај сликарите од 13 век и на човечкиот лик да му внесе живост и продуховеност.
Поглед на живописната Фиренца од Piazzale Michelangelo. Во мојата позадина се гледаат катедралата Santa Maria del Fiore чија купола ја направил Брунолески, како и камбанаријата веднаш до неа дизајнирана и изградена од Ѓото.
Доста често во книгите кои го покриваат овој период кој кај нас се поклопува со византиската уметност, се споменува и фреската “Оплакување на Христос” од црквата Св. Пантелејмон во Нерези (1164) како концепциско решение кое претходи на ренесансата, пред сѐ заради внесувањето на емоции кај личностите во сцената, нешто што се коси со каноните на византиската иконографија. Споредбата на генијалните но непознати нерешки мајстори со Ѓото, само по себе го наметнува прашањето на ренесансните елементи во оваа сликарство.
Пред извесно време едни мои пријатели кои имаат можност малку повеќе да престојуваат во Франција, ми ја покажаа “L’art de la Méditerranée – Renaissances en Orient et en Occident, 1250-1490“, книгата на Тања Велманс (Tania Velmans) специјалист по византиска уметност и директор на истоимениот оддел во рамките на CNRS (Centre National de la Recherche Scientifique). Оваа книга е прилично популарна и се продава во сите музеи и книжарници низ Франција, вклучувајќи го и Лувр. И немаше никогаш да го напишам овој пост доколку листајќи ја, на самиот почеток не ја забележав на цела страна фотографијата на “Успение на Богородица” од црквата “Св. Богородица Перивлепта” (1295). Под неа го пишуваше следниот текст – “Ренесансата во Европа започнува со фреската на Богородица во црквата Перивлепта, Охрид“.
Би било пренагласено доколку кажам дека сум изненадена како до сега овој факт не сум го сретнала кај византиските историчари на уметноста, посебно домашните, во пишана форма, ниту пак сум слушнала или прочитала било каква релација на фреските од оваа наша позната црква со правец каков што е ренесансата јасно и гласно во јавноста. Според зборовите на мојот професор кој ми предаваше Византиска уметност на факултет и кој е одличен познавач на византиската уметност, академикот Цветан Грозданов, она што е карактеристично за фреско сликарство во Перивлепта е динамиката во композицијата, драматиката и реализмот. Фрескоживописот го извеле познатите зографи Михаил и Ефтихиј кои напуштајќи ги нормите на фреско сликарството дотогаш присутно во Византија почнале да творат на начин кој на фреските им оставил свој карактеристичен печат. Но дали е навитина тоа така?
Неверојатно е колку малку се познаваме. Tреба да вложиме напор и да почнеме да го вреднуваме она што го имаме како аманет од генерациите кои живееле и твореле на ова тло, бидејќи во меѓувреме поради спороста во конзервацијата и заштитата на иконите, дозволивме на Первивлепта да ѝ се закани трајно уништување. Оваа црква е всушност нашата Сикстинска капела. За среќа, светот знае да го почитува и популаризира заедничкото културно наследство, а тоа вели дека: фреската “Успение на Пресвета Богородица” од црквата Пресвета Богородица Перивлепта (Охрид) е зачеток на еден правец кој во Европа ќе се вообличи дури после 2 века.
Патувањето од истокот кон западот било споро. Да не дозволиме со исто темпо да се движи и нашата перцепција кон минатото!
Mozete da videte vo knigite po crkovna arhitektura i umetnost koi gi koristat studentite na pravoslavniot fakultet vo Skpopje „sv. Kliment Ohridski“ deka postojat podatocite za freskata na uspenie vo Perivlepta, deka e pocetok na renesansata. Pozdrav
Веле,
дали ќе можеш да ми посочиш кој учебник конкретно да го побарам? Јас не велам дека не постојат податоци, ако добро го прочита текстот, прашувам зошто никој од византолозите тоа до сега не го обработил и не го публикувал во книга достапна за сите? Не како информација, туку како научна контекстуализација.
Поздрав 🙂
Прекрасен осврт. Колку е тажно да се, сепак, да се брани повторно убавината од огнените јазици, особено што новите градби се вдахновени од одредени периоди, но сосема современи и нови по својот дизајн што е тенденција во современите текови во ументноста.
Скоро гледав како во некое гратче во Италија, луѓето стојат пред едно минијатурно старо зградиче со човечки штит да го бранат од комерцијалниот булдожер.
Апсолутно, Arwena, многупати се распрашувам наоколу за ова, затоа што додека растев така ме учеа, ми беа покажувани оригинални мермерни столбови во мојата куќа од кои архитектите учеа, ми беше кажувано за тоа колку наши градители, сликари и занаетчии само граделе по Европа. Ќе речат, немало Барок во Скопје, со потполно слепило за условите поради кои е скриено времето од оваа престолнина низ која културата не само минувала туку и се создавала и негувала. Немало класични периоди во Скопје, имало, погледнете, во Битола има и Готска Катедрала. Да не споменуваме на што се ние седиме.
Но сега разбирам, тешко е да се навикне на убавината, окото на робот.
Без амбиции да навлегувам премногу длабоко во социјалната психологија би сакала да се осврнам на тенденциите во нашето општество кои инклинираат кон отпор против ослободувањето преку отпор кон раскошот.
Верувам дека Ропскиот Менталитет првенствено ни се наметнува преку визуелната естетика на нештата, односно симболите кои ги претставуваат.
Кога си воспитан да гледаш чест во бедата и слабоста (неспособноста), меѓудругото тоа те прави роб.
На пример, во процесот на (пре)воспитувањето, сликата која ви ја врежуваат во свеста за Македонската чесна жена, е ропска, дури и помалку вештерска. Таа е скоро секогаш претставена во руралниот амбиент на некое неодредено примитивно време како смижурена и згрбавена старица забрадена со црна шамија која тивко мирува во полусенката на ќошот од трошната колипка крај огништето од натурален камен со стар железен казан, за кое се грижи со наведната глава, ги послужува гостите, ги мие нозете на стопанот, од селската чешма носи тешка стомна со вода, помага на нива, оди бегалка, потоа бега од мажот кога ја тепа откако ќе дојде дома пијан, тажи по гробиштата како осамен црн гавран, несреќна е, зборува сама со себе, целосно е економски зависна-неплатена (принуден работник), живее за своите деца исклучиво.
Таа е скромна, што во превод значи сиромашна и неука. Таа е општествено, и во рамките на своето семејство, невидлива.
Покрај другото, оваа опасна слика направи жената од Источна Европа да стане лесен плен за најсвирепиот криминал, трговијата со луѓе, а нашата соседка со своте 50 години да смета себе си за стара и отсега животот да го доживува како исчекување на смртта, а по таа логика да вели дека нема треба да го реновира станот.
Избришете ја оваа слика од вашите глави, од учебниците, од народните приказни. Запалете ја, тоа не е вистината. Облечете и Louboutin на вашата баба!
Вашите прабаби не ги поминувале сите вечери само плетејќи/ткаејќи по шаблоните на своите мајки, тие дизајнирале шари со најживите бои, се кителе со триста тракатанци, играле и пееле, пишувале поезија, сликале, подготвувале парфеми, афродизијак, правеле фризури, воделе љубов и не само во сеното и по водениците, лечеле со мелеми, ја разбирале анатомијата, сакале скапи материјали, пушеле јавно, им наредувале на сите во куќата, плаќале слуги, се бавеле со трговија и занаетчиство, ги воделе книгите, се справувале со љубовниците на своите сопрузи, оделе на школо, организирале криумчарење на оружје за време на војните, се шминкале, свиреле на инструменти, размислувале за освојување и ослободување на територии, носеле шапки и крзно, мислеле со своја глава …и не раѓале и одгледувале робови.
Извини што се занесов
LOLITA,
благодарам на коментарот.Вклучувањето на поширока публика во блог-дебатите може да ја контекстуализира дискутираната тема. Ова е процес со чија помош се обликуваат ментални структури на Интернет, од кои понатаму може да произлезе и одредена научна верзија. Вака, расположивите информации од научниот блог можат да се користат како извор на општо знаење кои нудат образовни текстови и коментари на подоцнежните читатели.
Многу имам читано за Византија, а сепак толку многу не е напишано ниту пак изустено. Византија извршила влијанија и на истокот и на западот. Така на пример во Германија Карло Велики во 804 во Aachen ја подигнал катедралата која е доста слична со византиската црква Сан Витале во Равена. Во исто време е подигнат Св. Донат во Задар под каролиншко влијание. Податоците патувале на сите страни. Порано се водев со намера да напишам еден текст за три цркви во Европа кои се подигнати скоро во ист временски период (плус-минус некоја година): Св. Пантелејмон во Нерези (Македонија), Студеница во Србија и Notre-Dame во Париз. Но се откажав бидејќи тоа не е за блог пост туку за едно пообемно истражување на повеќе нивоа кои само во еден минорен дел на маргините ја инкорпорираат археологијата. Прашањето е зошто од сите три цркви кои се изградени приближно истовремено како дел од шареноликиот свет на културни богатства, најпозната е онаа во Париз?
На Балканот се вкрстиле влијанијата од сите страни и со исто темпо се распрснале. Се лажете ако мислите дека во минатото податоците не стигнувале дури и во најодалечените краишта на светот. Понекогаш патувале многу побрзо отколку што е тоа денеска со сите можни медиуми кои ги имаме.
Што конкретно сакав да укажам? Дека овој свет е таков каков што е затоа што претставува пачворк од културни ентитети кои не можат да се пренебрегнат, но можат да се инкорпорираат и да му помогнат на секого да се спознае себе си и да се реализира прво во сопствените рамки, а потоа и пошироко. Тоа е единствениот начин да ,,пораснеме”, па дури и на некој начин ги надраснеме лимитите кои не омеѓуваат. Ова богатство, лично и општествено/колективно, му припаѓа секому и понекогаш со него се засегнати региони и луѓе на кои тоа дури и не се однесува директно. И би било голема штета доколку тоа не се запише како јавно добро, а не постои подобра и “побрза” форма од блогот. Научните истражување траат долго, но и покрај тоа што податокот не е информација, информацијата не е знаење, знаењето не е разбирање, а разбирањето не е мудрост, остава простор секој да го искаже своето гледиште за одредена работа. Науката и знаењето вклучително со сите помошни и пропратни науки, не се состојат само од штуро пласирање на информации туку и од нивна обработка во еден поширок хуманистички апект. Оној момент кога ќе се направи контекстуализација на информацијата која својот животен век го поминала и се извајала низ некаква интелектуална стуктура, веројатно може да се добие верзијата која е најблиска до вистинската
Затоа не заборавајте да запишете што размислувате. Во отсуство на белешки од минатото се соочуваме со црни дупки во колективната меморија.
Поздрав и секое добро.
vasilka mnogu informacija ima v tvojta glava, mnogu e jako da moze da se zastitat site stari crkvi ke e super jas ne gi potcenuvam ni onie ot 16,17,18 vek za toa sto v V.Tyrnovo -Bugaria ,t.e. Arbanasi tie crkvi se spomenici na kulturata i se gleda na niv kako otpor na balkanskoto hristijansko naselenie kon turskite vlasti i voenizirano feudalno tursko opstestvo , ot balkanskoto potisnato so po tradcionalno cilvno razbiranje na zivotot koi porotecel 1000 godini pred toa taka.
Imav da ti kazam za crkvata, Aachen, v Bugaria ima v Preslav paraleli na ista po arh. plan crkva ot ist period kako i germanskata , i jas sum ucil deka taa e nova crkva bes porano da ima nekakov po star primer . Otvori mi ocitie za San Vitale za koja sum ucil ama ne sum se setil da gi svrzam dvete t.e. i na toj koi miu e bila toa rabota ne go e napravil.
pozdrav samo napred
a da znaes ako sakas da citas kakvi ca makedonskite crkvi i kako vlijaat na renesansta vo svetot treba da vides i bublotekite v Sofija i Belgrad jas sum go ucil toa ama ne znam ot kade bese skoro site crkvi ot makedonija sa detalno opisani ot bugarskite vizantolozi i naucnicite t.e. (ucenite) za stredovekovna bg istorija.
[…] […]
За ова д-р Валентина Гулевска пишуваше уште во 2004 година.