Home Антропологија Тупави патници за слепата, но културна Европа

Тупави патници за слепата, но културна Европа

3,649 views
1

Од 22 до 30 септември во Македонија традиционално ќе се случува манифестацијата “Европски денови на културно наследство”, која ќе започне утре напладне во Музејот на Македонија, со отворањето на “Изложбата на фотографии наградени на Меѓународниот конкурс за фотографија на тема од културното наследство”.

European Heritage Days започната во 1994 год. е само надоврзување на Англиските Heritage Open Days. Во себе има инкорпорирано 48 членки, од кои последната е (сега ex) Србија и Црна Гора. Имав шанса токму во ова време пред три години да бидам во Белград, и можам да кажам дека Србите сериозно си ја сфатија работата околу својата ,,Културна баштина“.

Како и секаде во светот, очекувам оваа годишна манифестација да биде пропратена со голем број на културни настани кои на посетителите освен перформанси, изложби, претстави и сл., ќе им се овозможи и посета на згради, споменици и локалитети, кои во нормални услови не се достапни за публиката. Се надевам дека умно ќе постапат од Министерството за култура па ќе ги вклучат и луѓето од туризмот кои всушност и најмногу придонесуваат во останатиот дел од годината да се посетат културно-историските споменици и археолошките локалитети, бидејќи ги имаат инкорпорирано во понудата на своите тури.

Еден од најинтересните моменти поврзан со оваа наша “традиционална” манифестација е и “традиционалното” немање на свој идентитет на интернет во форма на URL. Не постои ниту личност, ниту мејл, на кои можете да се обратите барем за програмата, а никаде нема промоција на настаните, освен на фејсбук каде секој сам си се промовира во рамките на своите можности. Не можам да го разберам овој игнорантен однос кон електронската афирмација на нашето материјално и духовно богатство, што се спроведува веќе со години. “Неодамна”, кажано во археолошки жаргон, се формираше Министерство за информатика. Зошто тогаш да не се остави простор да се создаде уште едно ново министерство – Министерство за ,,едукација” на Министерството на култура. И со измена на законот за донесување на закони, да и се стави веќе еднаш крај на оваа тупава политика за културното наследство на интернет.

Поврзани текстови:

Предавање – Меѓународни повелби за заштита на културното наследство 2007
Слепи патници за културна Европа 2008

1 COMMENT

  1. Not only the Museum of Macedonia doesn’t have a website, but also has totally mislabeled artifacts. In addition, the icon gallery and the shops are not open on Saturday, leave alone that the books shown in the shop are not for sale. That’s the worst museum experience I ever had in Macedonia. The Icons museum in Ohrid is 100 times better. And of course, as national museum, is the worst in the Balkan peninsula. It could be much better, if political agenda was not included in the artifacts labeling and the entire organization of the exhibition halls. During the summer there is not AC, unless is requested, and the ethnographic collection is open on request, not accessible all the times, which is the best part of the museum, since rest serves propaganda, not scientific or entrainment purpose.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here