Home Антропологија За денот на музеите

За денот на музеите

2,292 views
0

 

Меѓународниот денот на музеите е прослава која во Македонија ќе се случува помеѓу 16-18.05.2009 година и ќе оди под мотото “Музеите и туризмот” Во нејзините рамки се предвидени бесплатни посети на археолошките поставки, бесплатни тури до локалитетите (Скупи, Хераклеја, Меморијалниот центар во Пелинце) од страна на градските музеи и изложби од кои внимание привлекува на пример “Портали од исламски верски објекти во Македонија – Османлиски период“.

Почетокот на настанот кој се планира да трае до раните утрински часови ќе започне со “Ноќ на музеите” на 16 мај во 19.30 часот, со изведба на џамаларските игри. Веднаш потоа ќе биде отворена изложбата “Карневалот – Цар на Европа“. Се работи за еден проект финансиран од Комисијата за култура при Европската Унија, со програмата за 2007-2013, кој веќе предизвика огромно внимание во земјите каде што беше прикажан. По тој повод би сакала да го препорачам  сајтот CARNIVAL KING OF EUROPE, каде покрај маските и карневалските обичаи од Хрватска, Италија, Франција и Бугарија, можат да се видат и дел од истражувањата во Македонија.

Ви посакувам многу дружење, забава и по нешто ново да научите за својата и за другите култури  и обичаи со кои сме опкружени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here