Home Антропологија Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)?

Каде е гробот на Пресвета Дева Марија (Мајка Богородица)?

12,194 views
1

Католиците ја познаваат како Мери Ен, Муслиманите како Мерјем Ана, Евреите како Мирјам, а Православните како Марија. На 28-ми август (кај католиците 13 дена порано), во чест на пречистата и преблагословена Девица Марија, Мајката Божја Пресветла, светот го прославува ,,Успението на Пресвета Богородица”, еден од ,,Циклусот на дванаесетте големи празници”.

На оддалеченост од седум километри од денешниот град Ефес (Кушадаси, Турција), изградена на падините од планината Корес, во длабока борова шума се наоѓа куќата на Мајка Богородица.

Успение на Пресвета Богородица, 1295, фреска, Охрид

Контроверзното прашање околу околу Куќата на Мајка Богородица својот почеток го имал на 29 декември 1812 година во визиите на Катерине Емерих, една калуѓерка од Германија, припадничка на агостинскиот ред. Во историјата која таа ја напишала под наслов ,,Животот на Света Девица Марија”, дала опис на местото каде престојувала Мајка Богородица кога го напуштила Ерусалим, а кое се наоѓало на едно брдо во близината на градот Ефес. Се разбира дека нејзината сторија би завршила во научна фантастика, доколку не се знае податокот дека таа од раѓање била инвалид, и за време на својот живот ниту еднаш не ја напуштила Германија.

Гробот на Мајка Богородица кој се уште останува мистерија, официјално и ден денеска се наоѓа во малата црквичка гроб на Пресвета Богородица во храмот на нејзиното Успение во Гециманија – Ерусалим. Според Библијата, по распнувањето Исус Христос му ја доверил Мајка Богородица на апостолот Свети Јован да се грижи за неа како за своја мајка. Потоа се знае дека Апостолот дошол во Ефес веројатно некаде помеѓу 37 и 48-та година после Христа, каде продолжил да го шири христијанството. Покрај останатото, фактот дека Девица Марија живеела во Ефес бил потврден и со некои други елементи. Во ѕидините на самиот Ефес постои една Базилика посветена на Девицата, која била изградена во периодот кога законот кој одговарал на црквените прописи дозволувал една црква да се посвети на некој светец само ако тој истиот живеел и умрел на тоа место. Потоа тука се и околностите дека Вториот Екуменски Собор, која ја одредил догмата за божественото бестелесно зачнување на Марија, по се изгледа веројатно се случил во Ефес. Како кулминација на сето ова, во блискиот град Селџук археолозите во средината на XX век го пронајдоа гробот на Св. Јован Апостол, во внатрешноста на една огромна базилика подгната за време на владеењето на византискиот император IUSTINIAN I.

Basilica-of-St-John--Selcuk-Turkey
Базиликата изградена од Јустинијан Први, Селџук, каде се наоѓа гробот на Св. Јован Апостол

Кон крајот на XIX век, двајца свештеници од лазаријанскиот ред, Јанг и Полен, изненадени со прецизноста на деталите кои ги навела калуѓерката Катрине Емерих, во близината на денешниот археолошки локалитет Ефес почнале со археолошки ископувања. Како резултат на ископувањето било пронаоѓањето на остатоци од куќа, која изгледала доста старо (темелите се датирани во 1 век .н.е). Таа се поклопува со визијата на калуѓерката дека куќата на Мајка Богородица која била од камен, била изградена од Св. Јован, имала правоаголна основа со заден кружен ѕид, како и апсида и огниште. Откритието на оваа примитивна куќа само го потврдиле фактот дека Девицата престојувала во Ефес, во контрадикција со една друга античка традиција според која таа се умирила на брдото Сион кај Ерусалим, на местото каде и денеска се наоѓа црквата на вечниот сон.

Tomb_of_the_Virgin_Mary_-_Jerusalem-_Israel

Еден пат со дрвореди води кон Куќата на Мајка Богородица, која во 1951 год. е преуредена во капела, а во нејзината внатрешност можат да се видат голем број на заветни дарови, како и мали и едноставни олтари кои се наоѓаат на десната страна од салата на вечниот сон. Куќата која е реставрирана, денеска претставува центар на аџилак, со религиозни обреди кои ги обавуваат свештеници и калуѓерки. Местото е познато по своите чуда и многу луѓе тврдат дека токму тука биле излекувани од неизлечиви болести, па се случило да биде посетено и од Римскиот Папа кој поминал во 1967 год.

Статуа на Пресвета Дева Марија пред влезот од нејзината куќа во Ефес

Катрине Емерих исто така го предвидела и пронаоѓањето на гробот на Мајка Богородица, за кој рекла дека се наоѓа во близината на нејзината куќа. Но за жал, до ден денеска археолозите се уште по него трагаат.

Текстот е публикуван во книгата – В. Димитровска, 2008, Археолошки дневник, Аквариус, Скопје, 22-27. Текстот е репринт.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here