Home Археологија Лето Господово 2022 – резиме

Лето Господово 2022 – резиме

1,108 views
0

Оваа година ја завршувам како што ја започнав, со учество на големи меѓународни конференции и споделување на знаењето стекнато преку менаџирање на голем број на европски и домашни проекти од коишто неколку се сѐ уште тековни, организирање на тренинзи и едукативни работилници за интерпретација на наследството од кои повеќето самата ги водев и менторирав(ме) заедно со тимот на ХАЕМУС и многу радости, дружби, патувања и отвореност за нови знаења и практики.

На пример овој сертификат подолу дојде директно од Археолошкиот Парк Колосеум во Рим, Италија 🙂

Сепак ќе издвојам посебно две работи:
🌟По неколкугодишно научно-истражување, прибирање артефакти, архивирање и учество во подготовката на настанот, се случи прославата повод 100 годишнината на Пивара Скопје АД, чијшто консултант сум еве веќе петта година и од тоа партнерство се изродија и други проекти а и самата научив многу работи од „Пиварците“ кои го споделуваат со нас несебично своето знаење и искуство од разни области.

🌟Конечно и визуелно и практично се вообличи концептот којшто ќе ми биде матрица за понатамошната работа, а тоа е интерпретацијата на наследството со сето искуство стекнато преку Interpret Europe како еден од долгогодишните координатори на најголемата европска асоцијација за интерпретација.

Драги посетители на мојот сајт Археолошки дневник,
Во Новата Година Ви посакувам пред сѐ многу здравје, љубов и хармонија со самите себе и со сите околу Вас, зошто на тој начин со смирен ум и со мудрост ќе стигнете до своите зацртани цели. Не постојат невозможни соништа, само нашата лимитирана перцепција за она, што е возможно! Ја оставам зад себе успешната 2022 која ќе ја замени уште поуспешната 2023 година! Му благодарам на моето семејство за сета подршка која константно ми ја пружа!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here