Home Интерпретација Еду Кон – Семинар за интерпретација на културното наследство и музеите

Еду Кон – Семинар за интерпретација на културното наследство и музеите

596 views
0

На 29.10.2022 ја имав привилегијата да бидам дел од седмиот семинар од проектот „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот. Семинарот со наслов „Интерпретација на културно наследство и музеите“ беше организиран во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а искуството и знаењето на учесниците им го пренесе Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир, експерт од областа на интерпретацијата на наследството и сопственик на фирмата „Музе“ од Загреб.

Преку практични индивидуални и групни вежби, учесниците кои дојдоа од повеќе музејски институции од Македонија усвоија нови вештини и алатки од областа на интерперетација на културното наследство.

На семинарот дојдов на покана чисто да присуствувам како некој којшто долги години се занимава со интерпретација на наследството. Член сум на Interpret Europe (и еден од координаторите на оваа европска мрежа за интерпретација на наследството), а во меѓувреме станав лиценциран интерпретатор на наследство и самата држам обуки слични на овие. На мислењето сум дека оној којшто сака да биде добар интерпретатор на наследството полезно е ако како основа има завршено соодветен факултет, но тоа и не е најпресудно. Пресуднниот момент е ако сакаш да бидеш тренер и ментор и да држиш обуки бидејќи недостатокот на тоа соодветното образование не може да ги пополни црните дупки и недостатоци кои се видливи особено пред луѓе кои работат долги години во културата. Во случајов е многу поважна креативноста и желбата да се создаде незаборавно искуство, а за тоа постои методологија со свои алатки. Исто така за да направиш вистинска интерпретација на наследството, понекогаш не ти требаат ни многу пари за да тоа искуството на посетителите биде вонсериско. Вистинската интерпретација на наследството меандрира помеѓу овие вредности, она што луѓето го носат како харизма со себе, капацитетите кои ги надоградуваат катадневно и примената на адекватна методологија за оваа и те како потребна алатка и за експерите и за обичните луѓе кои имаат желба да го споделуваат своето лично или колективно наследство.

Интерпретација на наследството генерално е сѐ уште непозната алатка за менаџмент, визуелизација и комуникација помеѓу посетителите на некоја локација или музеј во Македонија од една страна и експертите, едукаторите или интерпретаторите од друга страна, па овие знаења се надевам дека ќе им послужат во секојдневната работа на колегите. Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Фотогррафии: Маја Јаневска-Илиева

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here