Центарот за уметност и хуманизам Liguria во Италија доделува стипендии за личности кои креативно работат или истражуваат во следниве дисциплини: археологија, архитектура, танц, филм и видео, историја, пејсажна архитектура, литература, музика, философија, театар, визуелна уметност. Апликантите треба да имаат значајни достигнувања во својата дисциплина и да поднесат опис на проект кој планираат да го подготват во Италија. Секоја година се доделуваат околу 50 стипендии. Траењето на стипендијата е од еден месец до половина семестар (48 дена). Апликации се разгледуваат два пати годишно. Првиот рок беше на 15 јануари, а вториот е до 15 април. Информацијата ја превземав од сајтот на Центарот за Драмски уметности Т-ХАУС, Скопје.