Дома Книги и литература Промоција на публикацијата „Прирачник за слободни ученички активности“

Промоција на публикацијата „Прирачник за слободни ученички активности“

136 views
0
Публикацијата „Прирачник за слободни ученички активности“

На 05.10.2023, на меѓународниот денот на учителот го имав задоволството како промотор на настанот да поговорам за публикацијата „Прирачник за слободни ученички активности“ во авторство на наставничките Тања Петков и Татјана Каранфиловска. Наставничките кои се вработени во ОУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево вложиле сериозен напор да го создадат ова мало креативно дело исполнетo со многу практични креативни активности за децата.

Се работи прирачник за креативни активности кои ја разгоруваат фантазијата и со чија помош децата преку истражување, иновативност и анализа доаѓаат до нови проширени знаења. Прирачник кој би требало да го има и да го применува секој едукатор којшто интензивно работи со деца.

Настанот се одржа во Домот на културата во Драчево, кој го исполнија дечиња од училишето, нивните родители, но и многу заинтересирани членови на локалната заедница. Програмата ја водеа ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, а настанот беше проследен со мала изложба на предмети како резултат од нивните активности вклучени во овој прирачник.

 

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име