Дома Cпонзорирано Како стигнав до најголемиот интернационален форум на компанијата Кока-Кола

Како стигнав до најголемиот интернационален форум на компанијата Кока-Кола

1,015 views
0

Веќе втора година по ред како претставник од Македонија добивам покана да се вклучам во годишниот настан „The Coca-Cola System Annual Stakeholder Forum“. Поканата доаѓа по препорака од седиштето на Кока-Кола Македонија и се разбира дека е голема привилегија да се биде дел од еден ваков интернационален форум.

Овогодишната тема на настанот е „Bridging the social and the economic: How can companies invest to deliver value both for business and society?

Да појаснам на кратко стигнав до тука. Веќе неколку години со ХАЕМУС правиме научни истражувања за Пивара Скопје АД која како компанија неодамна прослави 100 години, благодарејќи на основачките документи кои ги пронајдовме. ХАЕМУС како центар за научно истражување е она што на запад се нарекува grass root organization, бидејќи буквално доаѓаме од локалната заедница и ги враќаме придобивките од целото научно истражување кое се одвива во партнерство со Пивара Скопје повторно во заедницата и ги споделуваме со медиумите и публиката како јавно добро. Овие истражувања може да се прочитаат на веб сајтот на компанијата и сметките на нивните социјални вмрежувања (следете го хаштагот #HAEMUS). Истото важи и за активностите на ХАЕМУС, а дел од преработените научно-популарни текстови може да се прочитаат и тука на мојата веб страница.

Бидејќи Пивара Скопје е заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC AG и HEINEKEN N.V., оттука станува јасно дека ХАЕМУС е исто така партнер и со овие две големи корпорации кои имаат навистина големо разбирање за социјалното влијание на граѓанска организација како ХАЕМУС која своите резултати најчесто и ги споделува јавно под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси. Партнерството на ХАЕМУС со Пивара Скопје отвори можности не само за научни истражувања, туку буквално за менаџирање на индустриското наследство од последните стоттина години кое резултираше со повеќе проекти, продукти и најсетне со создавање на Искуствен центар и музеј на Пивара Скопје АД.

Се надевам дека и други големи компании во Македонија ќе го следат примерот на ХАЕМУС и Пивара Скопје АД со цел да поттикнат корпоративна одговорност која ќе придонесе за оддржливоста на наследството, но исто така ќе отвори и простор за развивање на креативниот сектор со нови работни места во менаџирањето и управувањето на природно и културно наследство кое секаде во светот буквално е генератор на социо-економскиот развој на локалните заедници.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име