Дома Антропологија Денот на археологијата (29.06.2012)

Денот на археологијата (29.06.2012)

3,191 views
2

Денот на археологијата(29.06) минатата година за прв пат осамна како хаштаг на твитер (#dayofarch), а за таа намена е направена и посебна твитер сметка (@dayofarch). Идејата за споделување на искуството од еден работен ден, лани ја прифатија повеќе од 400 археолози и експерти кои работат во полето на оваа наука. За таа намена беше создаден и посебен сајт кој ќе функционира и годинава. Ќе бидам еден од илјадниците партиципани кои ќе опишат еден свој работен археолошки ден со било каков мета податок (текст, фотографии, видео, план, скици …), а идејата е да се подигне свеста за заедничкото културно наследство и важноста на сите компоненти од работата на археолозите. Бидејќи добив сметка за логирање на сајтот од страна на организаторите,  мојот текст во оригинал на англиски јазик ќе може да се прочита вечерта на 29.06.2012 година, по завршувањето на мојот работен ден. Со оглед на тоа што следната недела тргнувам со екипа на терен во потрага на праисториски локалитети и лоцирање на суровински материјали за камени алатки во Кратовско-злетовскиот регион, верувам дека теренските белешки ќе бидат интересни за споделување со јавноста. 🙂

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име