Едно мало купче луѓе, љубители и проучувачи на македонскиот етнос, се потрудиле да создадат и да остават зад себе дигитално богатство за еден народ во едно време, таму некаде на Балканите. Не канат на настан каде ќе има промоција на книга, збогатена со студентски филмови и музика, за да го споделат своето искуство со нас.
[youtube]XD-JJ2KZf2M[/youtube]
Последниве две децении етнологијата некако остана на маргините од јавниот и научниот интерес, а етнолозите никако не можат да се изборат за својата позиција и да дојдат то толку потребните финсии за неколку проекти кои би помогнале да се осветли дел од македонскиот идентитет граден и негуван со столетија.
[youtube]y86YNM5nyLE[/youtube]
Се имам напатено по терени со етнолозите и учествувано со нив на заеднички конференции за да спасиме и документираме дел од нашето наследство. Со драго срце ја подржувам оваа иницијатива на ИЕА, бидејќи имам дома еден дипломиран етнолог со тенденција никогаш да не работи по струка зошто оваа држава не умее да се препознае во науката од која би имала најголем бенефит. Затоа не кликајте лајкови на фејсбук, туку дојдете во живо да видите како се негува идентитетот на Македонија.
Организатор и домаќин: Институт за етнологија и антропологија (УКИМ)
Датум: Среда, Април 04, 2012
Време: 18:00 pm
Локација: ГЕМ (над Менада, Стара скопска чаршија)
Настанот со своја страница на фејсбук