Денеска во Белград почнува 12-от Меѓународен фестивал на археолошкиот филм, кој традиционално се одржува во Народниот музеј во Белград. Програма на ревијата за оваа година опфаќа вкупно 25 дела кои доаѓаат од 11 земји, а ќе бидат прикажани помеѓу 21. и 30. март. Фестивалот за прв пат е организиран во 1998 година, нема натпреварувачки карактер, и од самиот почеток бил замислен да се прикажат најновите достигнувања во продукцијата на документарниот филм. Белград е еден од ретките европски градови, чија културна заедница има можност да се запознае со најновите филмски остварувања во областа на археологијата и сродните дисциплини.
Оваа Ревија (колу што мене ме држи помнењето) само еднашка беше донесена во Македонија, во 2003 година, и тоа најмногу благодарение на Гете институтот од Белград, како и Француските културни центари и Италијанските институти за култура кои работат во Србија и Македонија. Годинава за прв пат на овој фестивал ќе биде прикажан и документарец од македонско производство. Се работи за филмот ‘Mагично брдо’ на Петар Џуровски
Не гледам причина зошто ваков настан не би се организирал во Македонија, бидејќи може само да помогне да се продлабочи културната соработка со другите земји, а и ние самите имаме што да кажеме во доменот на документарниот археолошки филм. Во нашата државава фалат вакави настани кои се со научно-образовни содржини и од едукативен карактер, и со чија помош акцентот ќе се стави како на домашното, така и на светското културно наследство, имајќи ја археологијата како линк која ги поврзува останатите приказни во полето на палеонтологијата, историјата, етнологијата, уметноста, туризмот, комјутерските техники и тн. Зар постои режисер или автор кој не би сакал/а неговото дело да биде прикажано на некој интернационален фестивал?! 🙂