Кога зборуваме за културното наследство, никако не можеме да го одвоиме од природното богатство во кое тоа егзистира, се создава и се депонира со текот на милиони/илјадници години, а нивното истражување тежнее кон балансот помеѓу природата и материјалните траги кои човештвото ги остава зад себе. Нашата планета Земја е целина во која се споиле природното (геолошкото наследство, минералната разновидност, биодиверзитетот и обилството на разни околини) и културното наследство (археологија, уметност, фолклор …), во сите нивни форми.
Зошто во оваа рамка на проучување на нашето заедничко минато ни е потребна наука како гео-археологијата? Гео-археологијата е интердисциплинарен процес преку кој може да се проучи историјата на материјалната култура. Вообичаено, тоа е задача на археологијата и науките кои комплементарно придонесуваат на ова поле, но секако дека голема улога играат и природните науки, одобено геологијата и сите нејзини помошни гранки. Кога се гради еден нов објект, но и кога ископува еден археолошки локалитет, првото нешто со кое се соочува работникот, т.е. археологот, тоа е замјата. Почвата е природната околина на артефактите кои заедно со екофатите придонесуваат подобро да го разбереме спојот преку кој се воспоставува хармонија на човекот со неговата геолошка околина.
Во тој контекст ви го препорачувам за читање и консултирање Зборникот за Гео-археологија и архео-минералогија кој е резултат на една голема интернационална конференција одржана во Софија, Бугарија. Верувам дека ќе најдете интересни теми. 🙂
Линк до зборникот: http://mgu.bg/geoarchmin/