Светската корпорација Lonely planet, во своите препораки за топ 10 дестинации за 2012 година, ја вброи и Македонија. Во краткиот преглед за нашата држава, тие се осврнуваат на Скопје како главен град, Охрид како туристичка атракција, притоа споменувајќи ги нашите византиски цркви и манастири, винарии и национални паркови. Ова е мошне значајно, најмногу поради фактот што Македонија како туристичка дестинацja до пред некоја година воопшто не се споменуваше од страна на одредени светски изадавачи кои се бават со туристички водичи. Ваков тип на маркетинг е добредојден за Македонијa, a Lonely Planet заедно со ‘Bradt travel guide‘, уште еден британски издавач за туристички брошури, се едни од првите кои ја вклучија Македонија во своите книги, брошури и водичи.
Убаво што не спомнуваат како топ дестинација, штета е што не се инвестира доволно во Охрид за негово разубавување и можност да прими туристи во голема бројка.