Дома Археологија Мое интервју за Журнал.мк – Политика ги вулгаризира културните добра

Мое интервју за Журнал.мк – Политика ги вулгаризира културните добра

2,900 views
0

Скопје, 30 ноември – Поради пренагласениот елемент на политиката, во последната деценија, се вулгаризираат културните добра кои сме ги наследиле од претходните генерации или кои настануваат во сегашноста како архитектонски отисок на едно време, вели археологот Василка Димитровска.

Таа, во еден свој напис, тврди дека археолошките откритија се темпираат според дневни потреби.

„ Културното наследство им припаѓа на сите и со него се засегнати дури и региони на кои тоа не се однесува директно. Кога една научна информација од оваа сфера ќе заврши во медиумите, не може да предвидите каква ќе биде реакцијата кај јавноста. (Зло)употребата на артефактите за одредени цели се случувала и во минатото, зошто секогаш и секаде постојат луѓе кои се квазинаучници или политички ангажирани стручњаци. Археолозите во голема мера не се подготвени на таков компромис, но не можат да имаат влијание и однапред да предвидат каков ефект ќе имаат одредени наоди врз локалната или глобалната политичка ситуација во светот“, објаснува Димитровска во денешното интервју за „Журнал.мк“.

Пред да кликнете на интервјуто, мал спојлер, текстот е троа подолг од вообичаено, па имајте трпение. 🙂

Линк: Журнал.мк – Истражувањето на минатото не завршува, допрва почнува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име