Home Археологија Музејски хаштаг на неделата #mw2011

Музејски хаштаг на неделата #mw2011

1,615 views
0

Од оваа недела па натаму, на твитер ќе биде популарен hashtag-от #mw2011 кој се однеува на 15-та годишна конференција што ќе се одржува во Филаделфија од 6-9 Април 2011, посветена на Музеите и интернетот. Тоа беше сосема доволна причина да направам ревизија на веб страниците на музеите (некаде споени заедно со заводите за заштита) во Република Македонија, кои прилично доцнат со своето присуство во виртуелниот свет.

Македонија има 5 заводи за заштита на културното наследство, ако не ја броиме Управата за заштита на културното наследство која ги обединува сите нив. До скоро освен УЗКН, ниту една од овие институции немаше сопствен веб сајт. Во последниот период се подигнаа сајтовите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола, доека истоимените институции со музеи во Охрид, Струмица и Штип се уште не се присутни во виртуелниот свет.

Покрај приватните мали музеи (пред се етнолошки), во Македонија во секој град има музеј кој или е НУ (Национална Установа) или потпаѓа под локалната самоуправа. Од сите градови (ако ги изземеме претходно споменатите заводи), веб страниции имаат само Струга и Виница, додека Свети Николе има неверојатно добро веб решение за своја интернет промоција. Тука би го вброила и Стоби кој покрај археолошки локалитет од пред две години стана и институција и има раскошна веб страница која впрочем и ја заслужува. Како последен го оставам сајтот на Музеј на Македонија кој наместо да биде репер за сите останати институции, веројатно е најстатичната интернет страница на музеј во Македонија. Страната на Музејот на Македонија е многу ретко апдејтувана, а доста често е и мета на хакерски напади чие лого знае да стои со денови на порталот, се додека луѓето од оваа институција не ги опомене некој на социјалните мрежи дека треба да имаат малку повеќе респект кон интернет публиката.

Во ова набројување би ги споменала и институциите за конзервација, кои освен Националниот конзерваторски центар чија страна одамна не е освежена, исто така немаат свои веб сајтови. Би било навитина мошне интересно да дознаеме што до сега сработил на пример Градскиот конзерваторски центар сместен во црквата Св. Спас, за чии активности само повремено дознаваме од медиумите.

Луѓето кои работат во сферата на археологијата, или генерално со културното наследство во Македонија, тешко сфаќаат/прифаќаат дека ако не оставиш трага во дигиталниот свет да може да те пребаруваат и цитираат, исто како да не си постоел, како ништо да не си сработил. Мора да се има во предвид дека денеска луѓето наместо со брошури се движат со мобилни на кој постојат многу апликации за интернет преку кои можат да ги пребаруваат информациите што им се потребни. Да не зборувам и за фактот дека за генерациите родени по 1991 година, интернетот е единствениот медиум кој го познаваат.

Се прашувам ако Владата на РМ донела закон дека секоја фирма мора да има e-mail, во тој случај, би требало да донесе закон дека секој музеј и завод во државава треба да имаат веб сајт каде ќе бидат наведени активностите и проектите, име и презиме на луѓето кои се вработени, нивно CV што сработиле, контакти, а секако дека еден дел од сајтот треба да биде посветен и на pres room-от за да бидат апдејтувани медиумите. Малку подобра организација и по user friendly сајтови на локалните музеи низ градовите би придонеле за подобра интеракција помеѓу самата институција и граѓаните кои се желни да дознаат нешто повеќе за сопственото културно наследство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here