Во почетокот Господ го создаде светот за шест дена, а седмиот го остави за фудбалот во времињата кога наместо топка, веројатно се шутирале камења. Што секако е спорт кој не ви го препорачувам. 🙂
Најстарото споменување за фудбалот датира од Кина во периодот околу 476 година п.н.е – 221 година н.е. Jа опишува игра Cuju, која е нешто слично на она што е денеска нашироко познато како фудбал. Иако треба да се знае дека Фудбалот е заедничко име за повеќе спортови во кои се употребува топка, со цел е да се постигне гол. Историјатот на фудбалот познава многу настани поврзани со него, како на пример најстарата зачувана топка на светот, која беше донесена на почетокот од светкото првенство во фудбал во Германија за да посведочи за културните традиции на овој спорт.
Според Градската администрација за Културно наследство на Пекинг за време на припремата на Олимписките игри во Кина, археолозите откриле преку 1500 артефакти на 18 олимписки локации. На повеќето од овие локации никнаа стадионите на кои се играа фудбалските натпревари на оваа олимпијада.
Во контекст на фудбалот како пропратен феномен скоро отсекогаш се појавувале тепачките помеѓу пристрасните приврзаници на спротивставените екипи. Се надевам дека ви е се уште свеж настанот од пред две-три години кога бандитското однесување на италијанските навивачи уби полицаец, а притоа умре и еден инспекор на кого му фрлија бомба.
А propos фудбалот, си приспомнувам на еден интересен момент од животот на старите Римјани. Сликата која ја гледате е фреска од Помпеја, насловена како ,,Тепачката во амфитеатарот“. Насликана е според еден вистинит настан кој се случил 59-та година од н.е., кога на сред гладијаторска утакмица се испотепале присутните гледачи, навивачи на двата соседни града Помпеја и Нецериа. Целиот настан стигнал дури до сенатот. На крајот императорот решил амфитеатарот во Помеја да го суспендира на 10 години.
Можете ли да замислите од колку големи размери требало да биде ваков настан во тоа време, штом стигнал до Нерон. Зошто ова ми изгледа доста познато??? А? 😀
Светското првенство во фудбал 2010 кое денеска завршува во Јужноафриканската Република го гледав на интернет без коментар и лишено од лошиот пренос на МТВ, а го следев на твитер (hasg tag #svecko). Твитер се надмина себе си во однос на апдејтувањето на статусите кои може да се разделат на илјадници категории, кому како по желба. Не сум некој пасиониран вљубеник на овој спорт, не навивам за никого посебно, а немам ниту некој омилен фудбалски тим. Се што сакам е добар фудбал, кој неоспорно го видовме и покрај тоа што беше отежнато уживањето во натпреварите поради вознемирувачкиот звук на вувузелите, кои беа на работ да се забранат.
[youtube]Bk8k-Fv1ZiQ[/youtube]
Го гледав отварањето и ми се допадна. Под закрилата на ова првенство ќе остане кампањата 1GOAL – EDUCATION FOR ALL. Мислам дека FIFA има направено многу добар потег со ангажирањето на Шакира, зошто само мега ѕвездите можат да потегнат кампања која ќе влезе во потсвеста на луѓето и ќе има подолготраен ефект. Сепак, и покрај неколкуте химни како она ептен заразната на K’NAAN, за мене најфудбалска песна на сите времиња ќе остане Carnaval De Paris. Песна која секогаш и во било кое време ме потсетува на најважната споредна работа во животот на многу луѓе.
For the record … вечерва е финалето на Светското првенство во фудбал во Јужноафриканската републикa, во кое играат Шпанија против Холандија. Немам фаворит, навивам за фудбалот, молам, ништо лично. 🙂
Дополнување: Финалниот натпревар заврши 1:0 во полза на Шпанија, против тимот на Холандија. Новиот светски (моментално и европски) првак во фудбал е екипата на Шпанија. Честитки за освоената титула. 🙂
[…] This post was mentioned on Twitter by Arwena. Arwena said: [нов блог пост] Светското првенство во фудбал 2010 низ археолошката призма http://bit.ly/8Z1kcA #svecko #worldcup […]