AARG (Aerial Archaeology Research Group) на својот сајт го објавија букирањето за следна конференција која се однесува на аероархеологијата и сите научни дисциплини кои таа ги допира. Заинтересирани за оваа средба, упатствата за Букурешт 2010 можат да ги пронајдат на официјалниот сајт на AARG .
Посебно би требало да обрнат внимание студентите и младите истражувачи, бидејќи во рамките на самата конференција постои можност за доделување стипендии за оние кои сакаат да присуствуваат на предавањата и работилниците.



