Home Археологија Промоција на книга и предавање на тема – Орнаментите и визуелните идентитети...

Промоција на книга и предавање на тема – Орнаментите и визуелните идентитети на неолитските заедници од Македонија

2,029 views
0

 

Реномираната издавачка куќа „Archaeopress“ во рамките на  B.A.R. (British Archaeological Reports) неодамна ја објави книгата „Орнаменти и телесност: Неолитска визуелна култура од Република Македонија“ на археологот м-р. Гоце Наумов.

По тој повод на 25.05.2009 во 19:00 ч., во просториите на Музејот на град Скопје ќе се одржи промоција со предавање во кое ќе биде вклучена и кратка презентација на клучните сегменти од оваа книга.  Промотор на монографијата ќе биде проф-д-р. Никос Чаусидис.

Според авторот, оваа книга пред се’ има цел да ги презентира клучните елементи на македонскиот неолит пред пошироката светска научна јавност. „Во тој контекст, ова дело ги елаборира современите текови во археолошките истражувања, концентрирани на неолитската визуелна култура, а воедно и на изградено научно ниво го претставува предисториското, културно наследство од територијата на Република Македонија”.

Книгата е составена од осум поглавја како засебни целини кои нудат еден сосема нов методолошки  и моментално светски приод при прочувањето на огромниот број наоди, кои потекнуваат од Неолитот во Република Македонија. Обидувајќи се притоа  истите да  бидат презентирани преку примери и компарации кои отсликуваат одредени  материјални и духовни сегменти од животот на праисторискиот човек. Иако според мене, 30 години откако е поставена хронологијата на праисторијата во Македонија се досега, таа воопшто не е ревидирана или повторно евалуирана во духот на новите методологии, пракси или археолошки мисли.

Ова е еден од ретките, добри и оригинални трудови кои воопшто се појавиле и донеле нешто ново во македонската археологија. Честитки за мојот колега Гоце Наумов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here