Дома Антропологија Техника на самодефиниција низ порекнување

Техника на самодефиниција низ порекнување

5,225 views
3

 

 „Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најстар народ кој е?

Познатиот филозоф на историјата Хајден Вајт (Hayden White) во едно од своите дела запишал: Во времиња на социокултурни немири, кога се јавува потребата за позитивна самодефиниција, но не постојат никакви убедливи мерила за самоидентификација, секогаш може да се каже следново: “Можеби и не ја познавам во потполност својата човечност, ама барем јас нема да бидам таков”, и тогаш со прст да се покаже кон пределот кој е сосема различен од она што човекот сам е.

Археологијата, историографијата и етнографијата се науки кои генерално се стимулирани од друштвено политичките струења на своето време. Таа политичка мотивација во средината на 19 век била двигател и на најраните почетоци на археологијата како наука, која заедно со историографијата требала да допринесе за создавање на народи чиј идентитет на тој начин покажувал сопствена историја, а со тоа и правото на стаус да биде нација. Но археологијата не е наука само за минатото, туку во значајна мера и за друштвената и политичката пракса во нашата сопствена реалност.

Како што би рекол мојот колега Никос Чаусидис, огромна грешка е ако во сферите на една глобална државна политика се фаворизира еден идентитет, а на сметка на него се сечат корените на другиот. И да сакаме, не можеме да имаме развиток стар 12 000 години со културен, етнички и географски хомоген континуиран развиток, бидејќи од праисторијата до денес, ние сме една симбиоза на култури, конгломерат од етникуми и културна мешавина чие минато не смее да биде инструментализација на митологија заслепена со универзален легитимитет кој ќе ни даде право на идентитет.

За да се покаже долгата и “чесна” историја на еден народ дека од палеолита до Тита реториката на просторот игра главна улога на патот од ледeното до атомското доба, обично како сведок се земаат археолошките споменици кои повикани во својство на сведок, треба да го прикажат неотповикливото право на “народот” на својата земја. Но вредноста на наративноста во претставување на реалноста не се состои само од објективноста која е препуштена на чесноста и добрата воља на научникот да обезбеди неутрална и научна метода лишена од неговите субјективни интереси. Туку и од контекстуализација на информацијата која својот животен век го поминала и се извајала низ некаква интелектуална стуктура. Тогаш веројатно може да се добие верзијата која е најблиска до вистинската.

Политичката животна средина во која вирее археологијата може да биде видена и како модел на културна продукција, доколку се употребат сите расположиви ресурси. Но ваквата археологија секогаш ќе биде доживена како социјално (и политичко), а никако како научно достигнување. Археолозите не треба да се допаѓаат никому, ниту пак да докажуваат како “земјата почнала да станува наша”, со еден линеарен ток на историјата без било какви елементи кој би го реметеле; без дуализам, фрагментаџија, грешки и прекршувања. Науката како археологијата треба да го анализира светот онаков каков што е, а не да има мислења за тоа каков би требало да биде.


Овој текст е поставен на кајмак.от. од страна на корисникот ribaro. За постот може да се гласа тука.


Препорачани текстови:

Зомбификација – Себеодрекување
Развигор – Гените не може да ја потврдат „чистота“ на нациите

3 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име