Home Интернет Бидна претставувањето на македонските кандидати за Наградата на Светскиот самит за 2009

Бидна претставувањето на македонските кандидати за Наградата на Светскиот самит за 2009

2,806 views
1

 

Во организација на Фондацијата Метаморфозис денеска помеѓу 10 и 14:30 часот во просториите на Стопанска комора на РМ во Скопје се одржа претставувањето на кандидатите од кои ќе се изберат претставници на Македонија за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за 2009 година.

Оваа награда е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина. Започната е да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации, а процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор. Тие се одржуваат на секои две години и претставуваат одлична прилика за светска промоција.

Целта на оваа наградата е да се поттикнат креативните потенцијали низ целиот свет да дадат придонес во надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз кои го спречуваат сеопфатниот и рамномерен развој на информатичкото општество. Кандидатите од Македонија конкурира во следните категории/области:

• e-владеење и институции
• е-здравство и животна средина
• е-учење и образование
• е-забава и игри
• е-култура и наследство
• е-наука и технологија
• е-бизнис и трговија
• е-вклучување и учество

Како дел од жирито на оваа награда со голем интерес ги проследив презентациите, а одлуката ќе биде донесена за 2 дена при што јавно ќе биде достапна на официјалниот веб-сајт на Наградата на Светскиот самит за Македонија, вклучително со гласовите на жирито за кој сајт гласале. Веднаш потоа ќе бидат соопштени избраните кандидати.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here