Дома Археологија Systasis – електронско списание на класичните филолози

Systasis – електронско списание на класичните филолози

3,459 views
1

Старите Грци и Римјани навистина се мртви, но не би го рекла тоа за нивните дела. Од литeратурата па се до стручна терминологија на многу јазици, оваа грчко-римска духовна и материјална култура денеска се чини по жива од било кога. Токму во моментите кога сите некако нагло почнуваат да си ги бараат своите корени. Освен што оставила трага во архитектурата, вајарството, сликарство итн. на целата територија каде се протегала, таа честопати може да се следи и во многу други науки како што е на пример етнологијата.

Logo of SystasisПостов го пишувам специјално со намера да ја промовирам веб страница на Systasis, електронското списание на класичните филолози, поттикнато и реализирано од нивното здружение “Антика”.

Покрај списанието ,,Жива Антика“, би рекла дека Systasis е единственото место каде можат да се објавуваат научните и стручните трудови од областа на класичните дисциплини преку статии и рецензии на класичните филолози, историчарите, археолозите, философите и сите оние чија цел се цивилизациите на Стара Грција и Рим во коресподенција со нашето културно и историско наследство кое сме го наследиле од нив.

Systasis излегува периодично и има македонска и англиска верзија на својата интеренет страница што е од особена важност, бидејќи на овој начин се надминуваат сите јазични проблеми доколку некој странски истражувач сака да ја следи аргументацијата на интересните научни дискурси објавени во него.

Идејата научните трудовите од областа на класичните студии да се стават online достапни на Интернет е навистина благородна и за поздравување. Никогаш не е на одмет нивна промоцијата, посебно ако доаѓаат од Македонија, бидејќи и покрај се пошироката употреба на Интернетот кај нас, научните ресурси кои се достапни на овој начин се се уште многу мали. Но тоа не важи само за класичните студии, туку и за сите други науки. Помеѓу нив спаѓа и македонската археологија која со непубликување на научни трудови во моментов е доведена до маргините на своето издишување и преживување.

this post is also available in English


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име