Нема да направам рецензија за овој несекојдневен урбан настан. Спојот на Македонската филхармонија со членовите на групата Жлуст (која и онака има неконвенционален избор на музика) беше навистина по многу нешта – необичен. На сите кои не дојдоа на концертот треба да им биде криво, бидејќи не верувам дека вакво нешто во догледно време ќе се повтори. Ова е прв пат да го видам Дом на АРМ преполн. Немаше место да се седи на скалите, а имаше и луѓе кои стоеја. Целиот настап се снимаше, па ако испаднало добро, оние кои не беа присутни можеби ќе имаат можност да го чујат на це де.
[youtube]Zn4kAuoXfLk&eurl[/youtube]
Клучни зборови: music, jazz, symphonic concert, Macedonian philharmonic, Project Zlust, Skopje, Republic of Macedonia, музика, џез, симфониски концерт, Македонска филхармонија, Проект Жлуст, Скопје, Република Македонија.
Апдејт: „Проект жлуст“ и Македонската филхармонија – концерт за паметење – напис на Тина Иванова со каква таква, не баш мене многу допадлива критика (и ж со мала буква). Дечките заслужија повеќе.