Home Медиуми Војна на световите

Војна на световите

1,427 views
0

Го вклучив телевизорот пред некој ден и гледам Ромуланци преправени во Порториканци облечени во ламе и Клингонци кои го рецитираат Шекспир во оригинал на клингонски, па се чудат како после тоа никој не ги разбира. Одоздола одеше некој турски превод со опција за германско аудио титлување. После имаше емисија во која се пееше некое караоке на грчки со фински лирски примеси на сугестија како би можела да оди концепцијата на целата програма. Велат дека со Интернетот светот станал глобално село. Ама јас кога и да го пуштам Собранискиот канал, мене таму се ми е ,,шпанско село”. Инаку, сериозно мислам дека Клингонците и Ромуланците не се никаква закана за нас. :)))))).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here