Home Палеоантропологија Близнаците на хоминидите направија збрка

Близнаците на хоминидите направија збрка

1,869 views
0
Рекција на: Twin fossil find adds twist to human evolution

Секогаш кога пишувам нов пост во категоријата Палеоантропологија си приспомнувам на сите турбулентни промени кон настанаа последниве 10 години на тоа поле, каде најмалку барем 5-6 пати се прецрта генеалошкото стебло на претците на човекот. Според староста на геолошките слоеви и дополнителните датирања кои се направени засега најстар примерок од родот Хомо (Homo) е Homo habilis кој го следат пронајдените остатоци на Homo rudolfensis, Homo ergaster, Homo erectus, Homo floresiensis (за кој пишував во неколку наврати 1,2,3) итн.


Остатоците од хоминидите кои ја развија научната дебата


До сега се сметаше дека Homo erectus потекнува од Homo habilis, поточно дека и обата вида потекнуваат од постарите родови на Хомо или барем имаат некој заеднички предок, но последниов пронајдок ги најде научниците затечени. Испаѓа обратно, не само дека е Homo habilis постар од Homo erectus, туку дека и покрај можноста да е негов предок, тие еден период коегзистирале заедно.

Интересна е да се види дебатата на читателите на блогот на Nature каде револтирано велат дека она што до сега го објавиле научниците личи на Pokemon Evolution. Но не е така. Едноставно, не постојат доволно податоци за тие далечни пероди, се е дискутабилно и нормално е да се менува нашиот светогелед кон претците, со пронаоѓањето на секој нов фосил на хоминид. Прашање е само до кога ли ќе трае сето ова. Веројатно дoдека не се пронајде некој систем или не се измисли некоја технолошки усовршена алатка која би ги скенирала на голема длабочина геолошките слоеви. Но дури тогаш ќе настане проблем. Кога на некои луѓе ќе им стане јасно кои им се вистинските претци. :))))


Во прилог постирам едно слајд шоу кое сметам дека е едно од подобрите кои успеав да ги најдам на нетов. Погледнете го, не го прескокнувајте. Тука е ставено се она кое сум сакала да го напишам во оваа категорија, или веќе сум го сторила тоа. За подобар преглед (со оглед на тежината од 25 мега), слајд шоуто го поместив на мојот простор на серверот на Slideshare, секако со линк до неговата оригинална локација од каде што го симнав.


p.s. Како ги листате слајдовите, секој од нив претставува или под него е поставен линк кој ќе ве однесе до одредена статија од некое списание, во која се пишувало за хоминидите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here