Home Лично Праповјесни поздрав из Француске

Праповјесни поздрав из Француске

1,359 views
0
И покрај тоа што веќе одамна комуницирам преку интернет, сепак хартијата за мене има некако посебна вредност. Ако нешто може да ме израдува, тоа е кога во моето (вистинско) поштенско сандаче ќе добијам уште една причина за насмевка која ќе ми го освежи денот. Им се радувам на писмата, честитките, разгледниците…

Бидејќи знам дека ме читаат, посебно им се заблагодарувам на мојата пријателка и колешка Мања, на мојата професорка Симона Петру и на сите останати колеги од Катедрата по археологија во Љубљана кои се сетиле да ме поздрават со оваа разгледница додека им трае посетата на пештерите во Франција, кои се истовремено и познати археолошки локалитети.  

Интересно и возбудливо е човек постојано и непрестајно да сретнува нови луѓе и да стекнува нови познанства. Но, богатството во животот е повеќето од нив да ги задржи како пријатели. Му благодарам на овој универзум, што сум толку богата. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here