Дома Археологија Осврт кон изложбата ,,Парите – сведоштво за минатото на Скопје” и каталог...

Осврт кон изложбата ,,Парите – сведоштво за минатото на Скопје” и каталог во PDF формат

1,610 views
0
Како што веќе беше најавено во некои весници, во четвртокот се отвори изложбaта во Музеј на град Скопје насловена како ,,Парите – сведоштво за минатото на Скопје“. На отворањето говореше проф. д-р Вера Битракова Грозданова. Археологијата е пред се наука за артефактите и за луѓето од минатите општества. Луѓето сакаат прикаски. Но не за археолозите, туку за предметите. Ние не треба никому да му се допаѓаме и сметам дека е дојдено крајно време кон културното наследство да престанеме да се однесуваме мелодрамтично, туку се што се говори во тој контекст да биде кратко, јасно и прецизно.

Годинава се навршуваат петнаесет години од монетарното осамостојување на Република Македонија, кога по предлог на Владата, Собранието на Република Македонија го донесе законот со кој се уредува монетарно-кредитната политика на државата. Музејот на град Скопје поттикнат од овој јубилеј, се вклучи во одбележувањето преку презентација на нумизматичкиот материјал од депоата на самиот музеј, со чија помош може да се следи историјата на Скопје низ сите периоди од неговото битисување.

Самата изложба е конципирана хронолошки, каде во стаклени витрини се поставени монетите, а потоа и комплетите од хартиени верзии. Над секоја од овие витрини се наоѓа и огромен плакат на некои од изложените парчиња. Благодарност до археологот Марина Ончевска-Тодоровска, историчарките на уметноста Драгица Живкова и Снешка Лакалиска и историчарот Стоиле Трајковски, кои уште минатата година дојдоа на идеја и ја замислија целата оваа поставка.

Голема замерка упатувам до моите колеги од Музејот на град Скопје кои се уште немаат официјален web site, каде ќе го презентираат делот од културното богатство кое се наоѓа во нивна надлежност и ќе ги поставуваат информациите за настаните кои се во тек или кои доаѓаат. А нив навистина ги има многу. Се надевам дека набрзо, тоа ќе го сторат.

Утрински весник неколку дена пред овој настан имаше два навистина добри написа за Колекцијата на монети кои се наоѓаат во Нумизматичката збирка на Народната банка на Македонија (1,2). Она што ми падна чудно е дека еднинствено само тие не ја покрија оваа изложба со своја статија. Што знам, можби немале слободен новинар за вечерта. Јас да си кажам. Да не си помислат случајно дека нешто ми промакнало. :).

Во десната колона од блогот сите читатели можат да го симнат каталогот од изложбата ,,Парите – сведоштво за минатото на Скопје” во PDF формат. Само да напоменам (како и во случајот со Топчестата флејта) дека не го скенирав целиот каталог. Намерно ги испуштив страниците на кои се наоѓа описот на сите 121 изложена и комплетите на монети кои се уште можат да се видат на изложбата. На кој му требаат знае каде може да ги најде.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име