Дома Политика Копај за да најдеш злато, па макар тоа било и виртуелно

Копај за да најдеш злато, па макар тоа било и виртуелно

1,162 views
0
Дека некои ,,карактерни ликови” од минатите влади се замишљале дека се Шлиман или Еванс, докажува и случајот Суво Грло кој по 13 години ја симнува од себе мистеријата. Ај што не нашле ништо од шесте тони ,,Германско” злато, не нашле. Aма тоа што припадници на армијата и полицијата копале 10 дена на веќе регистриран археолошки локалитет без консултација и присуство на стручен надзор од таа свера, е казниво по закон. Пу, пу, не се важат ни пронајдените три бардачиња (од кои едно стаклено) како и трите скелета кои ги предале на штипскиот музеј, зошто ако учеле бар малку во школо ќе им било јасно дека наод без јасен стратиграфски контекст можеш да го фрлиш во првиот контејнер.
Суво Грло инаку фигурира како археолошки локалитет, односно како некропола од римско време со три могили, која е мошне малку истражувана.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име