Home Тотална станица Што е Тотална станица (2)

Што е Тотална станица (2)

3,777 views
0

Тотална станица е најкомплексниот од сите геодетски инструменти. Тоа е комбинација на дигитален теодолит и мерач на далечина (Electronic Measuring Device). Со оваа комбинација се мераат хоризонталните и вертикалните агли, падот на теренот како и хоризонталната и вертикалната оддалеченост. Тоталната станица има вграден калкулатор кој ги врши тригонометриските операции како и електронски нотес во кој се чуват податоци до складирање во компјутерот.

EDM
(electronic distance measuring) е справа која е инкорпорирана во  Т. С. и праќа светлосни бранови. EDM го мери времето кое е потребно овие бранови да стигнат до призмата, да се одбијат од неа и да се вратат во инструментот. Оваа мерка се бележи како оддалеченост, но е всушност мерење на времето.

EDM е единица марка за која се врзуват сите позиции (т.е. точки ) на: конфигурацијата, отварањето на јунити, затварањето на јунити, точки за Ц-наоди, и точки за флотација.

Составни делови

Секоја Тотална станица независно од кое производство е, има свои составни делови. Троножец; висок за центрирање на станицата; оптички/ласерски инструмент; глава; призма и стап. Од призмата се одбива светлоста чија брзина го мери EDM. (се мести на принцип на поставување на нивелеирот со копчиња наменети за тоа). Призмата се монтира на врвот на пикетот. Колку  е призмата пониска мерењето е попрецизно. Со поместување на призмата се менува и сетирањето на станицата.

Мерните податоци можат да бидат меморирани во внатрешната меморија и пратени со сериски кабел.

Сето ова подоцна изискува потребата за изработка на посебни апликации за прикажување и поврзување на сите овие податоци на едно место во вид на дигитална презентација на истражувањето, т.е. создавање на софтверскиот програм кој ќе обедини се на едно место.

Ова е дел од презентацијата ,,Дигитална теренска документација” со кој настапивме на 19 Симпозиум на Археолозите на Македонија.

В. Димитровска и Е. Канзурова-Стојанова

текстот е под копирајт

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here