Home Лично “Побарав фискална, завршив во полиција” – блогер цитиран во Вечер

“Побарав фискална, завршив во полиција” – блогер цитиран во Вечер

1,190 views
0
Постот на Психолог за инцидентот кој му се случи пред една недела во градскиот автобус број 5, се најде како напис во весникот Вечер. Имено блогерот кој е админситратор на блогот за Психолошки работи, при едно возење во автобусот број 5, побарал фискална, но завршил во полиција.

Решив да се возам без билет, токму од причина што Владата преку медиумската кампања укажува дека имаме право да не платиме за производ или услуга ако не ни биде дадена фискална сметка. Во автобусите на ЈСП возачите не издаваат фискална сметка, вели еден скопјанец

Дефинитивно во оваа држава не постои никакво почитување на законите. Од инцидентите кои во последно време се случија со брзина на светлината, може да се заклучи дека ептен лесно се завршува во полиција, дека те апсат за што сакаат и каде сакаат, дека те претепуваат во разно разни  ,,Просеси” и те прават ,,виртуелна” палачинка ако кренеш глас.

Баш се нанарвирав, нема да напишам ни заклучок на постов, не за друго… човек не знае дали следниот пат можеби ќе блогира од Шутка..све бива у оваа држава :)))))))))))


p.s. Инаку Вечер во својот напис ниу кажале како се вика личноста која ја дала изјавата, ниту дека е блогер кој блогира под свое име и презиме, ниту дека не се први кои ја кажуваат оваа информација. Блогосверата за ова пишува веќе цела недела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here