Дома Лично Дај бе хефе една (ди)пломба

Дај бе хефе една (ди)пломба

1,894 views
0
Претпоставувам дека се уште се сеќавате на скандалот со фалсификуваните дипломи од Тетовскиот универзитет (1,2). На него како шлаг на торта се надоврза овој новиот, како некои луѓе со визитките од министерот за култура станале асистенти.

За оние кои мислат дека во дипломите пишува кое високо образование го завршиле, треба да ги проверат уште еднашка.

Ќе видат дека во нивните дипломи стои:

    * името на човекот кој ја издал дипломата (на пр. Императорот на Универзитетот)
    * името на оној кој ја примил дипломата
    * самиот акт (т.е. правата кои се имаат со оваа диплома)
    * понатамошни спецификации
    * датумот
    * имињата на сведоците кои биле граѓани на Универзитетот.

Јас овдека не гледам никаква титула за завршено образование, иако порано диплома можел да поседува само ,,граѓанин од прв ред”. Ако не ви е познато, во стариот Рим под диплома се подразбирала една плочка или пломба (обично камена) изработена во две идентични верзии. Едната си ја носел човекот со себе, а другата се чувала во библиотека во Рим. Таа плочка всушност била неговата лична карта и представувала доказ дека оној кој ја поседува, е слободен граѓанин на Римската Империја. Две такви плочки, т.е. две пломби = ди пломба, односно =  ди – плома.

Затоа кога следниот пат некој ќе каже дека има диплома, нека му биде јасно што всушност поседува.

Е па нека ви се на здравје плочките.

А визитките? Чекајте де, уште сме на ниво на пломби. Не сме излегле од ,,каменото” доба :))))))

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име