Home Тајната книга (серијал) Лидија од Македонија во Тајната книга (6)

Лидија од Македонија во Тајната книга (6)

2,076 views
0

Лидија од Македонија е доста често женско име. Исто така е назив на една македонска опера, една современа книга, но и една античка хероина која останала запишана во Делата Апостолски. Според изворите дадени во овие дела, апостолот Павле дошол во Македонија откако на сон еден маж Македонец го молел да дојде и да им помогне. Оваа премиса е на неколку пати цитирана во филмот и се доведува во врска со главниот лик Павле Бигорски кој себе си се идентификува со авторот на Тајната книга.

На патот кон Македонија, Апостол Павле застанува во Филипи, каде исто така покрстува луѓе. Лидија од Македонија живеела и работела во древниот Филипи продавајќи црвени ткаенини. По потекло била од малоазиската македонска колонија Тиатир, а оваа сторија е важна зошто во ,,аналите на историјата” е запишана како првата Античка Македонка која го прифатила Христијанството од Св. Павле токму во Филипи. Лидија веројатно била со македонско етничко потекло, но родена во „странство“.

Дали  во светската историографија со името на Лидија, останал запишан и еден код, кои со милениуми проткаен се провлекува магловито во корелација со територијата на Македонија. Во еден коментар кај Кибицерот на тема за Апостол Павле и неговите 3 патуања во Македонија напишав:

Јас имам поинакво мислење за мисионерските мисии на апостол Павле во Македонија. Мислам дека една од причините (посебно за второто и третото патување) била од економска побуда……Но,…

…Од друга страна…хм Лидија…од Македонија…па нели некогаш било обичај жената на домаќинот кај кој се престојувало, да биде споделена и со гостинот…

Кој знае…можеби и тоа било втора од причините…и денес постојат многу ,,Лидии од Македонија”…

Во Тајната книга хероината која дава верба, утеха, надеж, грижа и љубов – се вика Лидија. Од Македонија. Дали создавачите на филмот случајно или не, отишле еден чекор понапред во времето? Пренеле една универзална порака која низ временскиот континуум како шифра е запишана во едно име?


Цитат од Делата Апостолски во филмот и името на Лидија? Не сакам да шпекулирам со причината со која се повеле авторите на филмот да го цитираат токму овој извадок, а главната женска личност во Тајната книга да се вика Лидија од Македонија. И да знам, тоа сепак нема да го напишам овдека, туку во мојата ,,Тајна книга”

Зошто Лидија…? – Има име кое зрачи со ,,љубов“.

Ако е тоа врската со Кодот на Да Винчи, во тој случај се сложувам со компарациите. Зошто да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони или кимвал, што ѕвечи.

А сега остануваат овие три работи:     Верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.

Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните ( 1. Кор.13, 1-13)

продолжува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here