Дома Археологија Се одржа Осмиот вселенски собор во Скопје

Се одржа Осмиот вселенски собор во Скопје

1,415 views
0

Конечно по 1219 години чекање, се случи и тоа. Вчера се одржа Осмиот вселенски собор, познат и како Скопски собор. Во аналите веројатно ќе биде запишан како еден од најавангардните, после оној против иконоборството. Дополнителните извори ќе кажат дали се работи за лажен собор, или дефинитивно на него се уточнила доктрина која ќе ја прифати целиот христијански свет. Се уште не се знае дали ќе се спомене во продолжението на Новиот завет, со оглед на тоа што помина мирно, без инциденти и без судење. Што се однесува на теолошкото учење не можам дефинитивно да бидам сигурна. Знаете, сите одлуки кои се донесуваат на еден собор можат да бидат догми или канони. Но се верификуваат исклучиво само ако претходно биле прифатени од сите сестрински цркви.

Подолу можете да ја видите листата на сите собори до сега:

* Прв вселенски собор (Никеја) – 325
* Втор вселенски собор (Цариград) – 381
* Трет вселенски собор (Ефес) – 431
* Четврти вселенски собор (Халкедон) – 451
* Петти вселенски собор (Константинопол) – 553
* Шести вселенски собор (Константинопол) – 681
* Седми вселенски собор (Никеја) – 787
* Осми вселенски собор (Скопје) – 2006, Азбуки – предавање на Кибицерот)

Седумте Вселенски Собори на Православната Црква, насликани во централниот дел од источниот ѕид на припратата во Сопоћани.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име