Home Археологија На нероден Херкулес храм му изградиле!?

На нероден Херкулес храм му изградиле!?

1,100 views
0

Добро бе до кога ќе биде масакрирана археологијата и културата со кривотворени зборови од некомпетентни новинари? Ова е веќе срамота… и деца читаат весници. Трчајќи по сензационални наслови ќе се случи и на нероден Петко храм да му изградиме. Повод за овој пост е написот во Шпиц, Храм на Херкулес најден во Скупи(!?), а ме зачудува изненадувачкиот извик (?!) на новинарот Гоце Јаневски, кому ова не му е прв пат да слупа глупости во јавноста, по она со Главата на Афродита.

Да биде бељата поголема, пред некое време пишував за култот на Херкулес, како и фактот дека тој траел долго. И дека не треба да зачуди ако бил почитуван во исто време како и Исус Христос. Работата е што многу тешко се докажува на терен.

Абе ги читаат ли ова новинариве моите текстови бар понекогаш?

Едно е да имаш храм на лице место, а сосема друго навестување за храмот во вид на пишан извор кој може да биде веродостоен, но и не мора. Кога ќе се каже се пронашол храм (сеедно на кого е посветен) тоа значи дека се пронајдени делови од архитектонската структура (стилобат, столбови, капители, натписи итн.) кои несомнено упатуваат на фактот дека на тоа место се наоѓало здание посветено на горе-долу споменатиот во написите.

Ама вака ни лук јал, ни лук мирисал. Стварно е идиотски да се каже дека е најден храм во Скупи посветен на Херкулес, само затоа што тоа го пишува на надгробните споменици од некрополата. Тоа е пишан документ, кој може, но и не мора да послужи како иницијален извор и да биде веродостоен. И за Јустинијана Прима се напишани томови, по се уште спаѓа во фамозно изгубените градови. Под услов да е некогаш, било когаш изграден. А прашање е и дали  натписот за Херкулес е веродостоен затоа што….

Никаде во статијата не прочитав дека овој факт го кажала археологот Ленче Јованова која го ископува Скупи. Заклучокот што можам да го изведам е дека ако е тоа информација ставена како наслов на текст, тогаш морало да биде земена од оригинален цитат. Вака просто не знаеме на кого да веруваме???

Шпиц
како ,,читан” весник може да одвои пари и да си ги едуцира новинарите (посебно оние кои пишуваат за култура), праќајќи ги на еден основен курс по археологија. Зошто ако не им се каже што е, и од кој период е, следната вест ќе биде дека можеби Ханибал поминал покрај Скупи, Античките Македонци имале духовната врска со Олмеците итн…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here