Home Археологија Ми дојде преку глава од ова Словенциве

Ми дојде преку глава од ова Словенциве

986 views
0

Ми дојде преку глава од ова Словенциве. И не само тоа. Туку и од немањето контрола над локалитетите и артефактите. Ваквата негрижа за сопственото културно наследство е алармантна.

На крајот од јуни напишав дека Словенците ја држат на граница скоро 10 месеци нашата реномирана изложба ,,Македонски бронзи” и одбиваат да ги вратат македонските археолошки предмети. Демек сме немале соодветен сертификат. Еве веќе ќе славиме и јубилеј од една година како артефактите ни чучат во Словенија. Преминулиот (по функција) министер за култура Благоја Стефановски, откако се изнапрошета по светов, намерно или не, баш ја промаши само Словенија.

Сега останува на Паско Кузман да ја реши работата, и според него единствената причина зошто вредните артефакти се уште се заглавени на словенечката територија е затоа што Министерството за култура не може да најде 120 000 денари и соодветни луѓе (гледајте да не пратите куци, слепи или глуви) за да ги донесат.

Ние како да сме се специјализирале да го линчуваме сопственото културно богатство, оневозможувајќи им на туристите, посетителите, останатите вљубеници и сите заинтересирани да дознаат нешто повеќе за нашата култура.

Од друга страна секој ден читам по светскиве вести – овде најдена глава од непозната богинка, онде најдена штикла стара колку амфитеатарот. Постојано научниците нешто докажуваат. На пример дека илуминатите се криви за птичјиот грип, дека Словените ги описмениле Месопотамците, а во Месопотамија за тоа време Сумерците мочале во кал и правеле колачиња. Се публикуваат: ,,Писанија постари од цивилизацијата”, ,,Индијанците се мавале со асирски глинени плочки заради лонгитудиналните ноќи”, ,,Синдром на магнетен поларитет на земјата предизвикал фертилност кај латиноамериканскта популација”, ,,Колку параметрите од воздухот делувале на клиентелата на канибалистите”………

Од немукает луѓено во Перу направиле цел храм. Совршена имитација на Маите во чија внатрешност посадиле огромни фалусовидни склуптури. И трпаат пари од туризам. Во Кина наоѓаат патики стари 2000 години. Етрурски гробници во Италија ако нема по 5 на еден километар квадратен, одма одат на бајачка. Во Босна никна пирамида од пред 20 0000 години. Додека цел свет бил во тешкото ледено доба тие граделе пирамиди. После некое време не им се допадна бројката, па си посадија три.

А ние едни артефакти од големо значење за културата и археологијата не можеме да вратиме дома.

Алал да ни е.

Ми дојде преку глава. Стварно ми пукна филмот. И сега одма одам во фото Прима да си го сменам ::))))))))))

А да и за малку ке заборавев – Паско Кузман го поставиле за директор на Управата за заштита на културното наследство.

 

© археоблог 2006.Сите права задржани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here