web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

Archive for the ‘Интернет’ Category

PostHeaderIcon Пуздер правам… од македонскиот јазик!

Овој текст е инспириран од еден пост на фејсбук групата Пуздер правам… од македонскиот јазик!, чијашто активност ја следам со години а критиката на повеќето постови во групава делумно ја оправдувам, иако ретко коментирам. Во еден момент се разврза дискусија за терминот ”импорт” и дали тој треба секаде да биде заменет со зборот увоз. Ми се виде убава можност да елаборирам дел од моето познавање поврзано со овој збор. Се обидов на членовите на групата, од кои некои се вистински познавачи на македонскиот јазик, да им објаснам дека од научна гледнa точка “‘импорт” е стручен археолошки термин кој многу често се употребува во научни текстови, но и во наслови на стручни трудови или монографии. Не се работи за ништо ”фенси” и “тренди”, туку едноставно тоа е прифатена научна терминологија која во академски контекст кога се зборува/пишува за културното наследство, звучи сосема во ред. Терминот “импорт” најчесто се употребува за период од минатото кога увозот каков што е денеска старите народи не го познаваат и се работи за детектирање на археолошки наоди кои пратат одредена траекторија со чија помош можеме да следиме релации, комуникации помеѓу древните народи, а со тоа и нивните социјални и економски врски, па дури и ‘религиски’ сколоности.

Korintski_aribalos_Taftalidze

Уникатен примерок на црнофигурален коринтски арибалос од 6 век п.н.е. пронајден во скопската населба Тафталиџе. Неговото откривање на територијата на Скопје отвора многу прашања,но истовремено ја дополнува и претставата за коринтскиот импорт во Р. Македонија

Read the rest of this entry »

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats