Дома Антропологија Проектот „Зборува радио Скопје“

Проектот „Зборува радио Скопје“

2,467 views
0
Телекомуникацискикиот центар - Скопје (шалтер сала) на Јанко Константинов беше дел од големата изложба во MоМа во Њујорк во 2018 г.

 

„Градот убав, пак ќе никне“

Едно јулско утро на 26.07.1963 година во 5:17 часот, стрелките на часовникот на Железничката станица во Скопје застанаа засекогаш. По тој повод новинарот Јован Поповски ќе напише – “Скопје умре за десетина секунди и тоа со чудна смрт, стоејќи!“. Но нашата метропола, честопати разурната од разни сили, овој пат беше повторно изградена од почеток со помош на 87 нации од светот. Старото Скопје, она Скопје од спомените на моите баби и дедовци и прабаби и прадедовци се избриша, но затоа пак се роди новиот „Град на солидарноста“!

Поштенска марка и картичка во издание на Македонска пошта повод 50 години од земјотресот во Скопје

Во чест на едни минати времиња кои се многу драгоцени за старите Скопјани, но и белешки кои би биле од посебен интерес и за истражувачите, некаде кон крајот на летото тимот на ХАЕМУС го стартуваше оригиналниот научно-истражувачки проект  насловен „Зборува радио Скопје“, кој се реализира во соработка со Форум ЗФД (Форум Граѓански мировен сервис). Целта на проектот е да се создадат добри практики во толкувањето на наследството преку примерот со Скопје, ставајќи акцент на помалку познатата истирја на градот и спомените на локалните жители за него. Проектот „Зборува радио Скопје“ помеѓудругото опфаќа и алтернативни приказни, спомени, истории и заборавени наследства од пост-земјотресниот период на Скопје, со цел да се отвори простор за нови перспективи за разбирање на урбаните процеси.

Како дел од проектот се реализираше и дебатата на тема „Да инвестираме во футуризмот: Културните пејзажи на еден пост-социјалистички град“ во којашто ХАЕМУС како ко-партнер на форумЗФД на 22.11.2019 во кино Култура во Скопје, повторно го отвори прашањето за архитектурата и за симболизмот на културно наследство од периодот на социјализмот, но и за неговиот потенцијал коj често стои како игнориран, наспроти ново произведеното културно наследство.

Јавна дебатата „Да инвестираме во футуризмот: Културните пејзажи на еден пост-социјалистички град“, 22.11.2019, Скопје

Овој настан ги адресираше прашањата на кој начин пост – земјотресно и социјалистичко Скопје и неговото културно наследство се дефинирани во јавниот и професионалниот дискурс. Какво знаење се инвестира во ова наследство? Дали се работи на општествено прифатливи и позитивни начини за справување со ова културно наследство, така што нема да биде грубо игнорирано или целосно избришано од јавниот простор? Која е причината за (не)интересот за социјалистичкото, материјално – културното наследство и неговата монументална уметност? Кој е културниот, економскиот и општествениот потенцијал на ова минато и како тоа се вклопува во денешните урбани планови и современото осмислување на просторот?

На овој голем настан посветен на културното наследство создадено или негувано во периодот на социјализмот, говорев на бина заедно со уште неколку колеги на теми кои длабоко не засегнуваат сите нас и како луѓе и како професионалци, бидејќи очигледно е дека не сме се помириле самите со себе како општество за многу работи, а не сме научиле ниту да ги надраснеме а уште помалку да ги интрерпретираме. Најпоразителен факт од сѐ е што не постојат ни материјални ниту нематеријални елементи кои се ставени под закон за заштита како културно наследство од овој период, ниту пак самиот период на социјализмот со оглед на историската дистанца, не се третира како културно наследство и не се проучува согласно научните методологии. Дебатата е подигната онлајн и може да се погледне на видеото подолу.

Во текот на проектот, ХАЕМУС спроведе истражување за наследството на пост-земјотресно Скопје, кое резултира со неколку производи кои ќе имаат влијание врз експертите кои се занимаваат со културно наследство, неговиот менаџмент и управувањето со културните ресурси од овој период, а исто така ќе изврши и влијание во сферата на културниот туризам.

Продукт 1 – научно-истражувачка студија
Продукт 2 – видео материјал од јавна дебата
Продукт 3 – Модернистички тури низ Скопје (Андроид апликација којашто ќе може бесплатно да се симне од Play Store)

Главната цел на сите овие продукти е создавање платформа за споделување спомени и малку познатите факти за пост-земјотресното Скопје. Придружете ни се на прошетка низ исклучително богато минато во Скопје и учествувајте во дискусиите следејќи ги веб-страници и социјални мрежи на ХАЕМУС.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име