Дома Антропологија Отворена покана за прослава на Vinalia Rustica – древноримски празник на гроздоберот

Отворена покана за прослава на Vinalia Rustica – древноримски празник на гроздоберот

3,219 views
0

Заедно со ХАЕМУС во рамките на нашата програма SCUPINI RОMANI која полека прераснува во бренд, ќе организираме перформанс повод ,,Vinalia Rustica – древноримски празник на гроздоберот”. Во рамките на перформансот е вклучен едукативен дел за римските Виналии, мини археолошка поставка со експонати инспирирани од античкиот Рим, едукативен дел за древната римска медицина и билкарство, рецитирање поезија од древните римски поети, проекција на документарен филм и предавање за овој древен римски празник. Во меѓувреме ќе се одвива дегустација на римска храна и мулсум (римско вино со мед и зачини).

Античката римска храна и вино предизвикуваат интерес кај посетителите на сите наши настани во рамките на брендот SCUPINI RОMANI

Оваа пролет имавме успешен настап на SCUPINI RОMANI на „Музејската ноќ 2018” со перформансот „Розалии – празникот на розите“ во организација на Музеј Теракота кој се одржа во Виница. Овој пат со ХАЕМУС ќе имаме можност повторно да го промовираме нашето богато културно наследство од римскиот период. Голем број од нашите празници, верувања и обичаи постојат уште од предримскиот период, а тоа се слични или исти традиции со кои луѓето се поистоветуваат и денес на лично ниво. Оттука не ме изненадува интересот на луѓето за нашиот бренд „Scupini Romani“ кој е сѐ поголем во рамките на настаните кои ги организираме, каде преку едукација и дисеминирање на научните истражувања се обидуваме да ја подигнеме јавната свест за оваа научна област кај љубителите на културното наследство.

Со цел поширока промоција на нашето културно наследссво од античкиот римски период, позирам во автентичен римски косум во сопственост на ХАЕМУС пред споменик од Скупи

Овој настан се прави со цел за поширока промоција и популаризација на културното наследство од римскиот период, но и современите македонските народни празници, верувања и обичаи. Настанот е од едукативен и промотивен карактер и се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Во 2017 г. ХАЕМУС ја прослави Vinalia Rustica на Тиквешкиот гроздобер, а во перформансот учествуваа голем број на поети и актери од Кавадарци

„Vinalia Rustica – древно римски празник на виното” е поддржан од град Скопје во рамките на годинешната програма за култура. Перформансот ќе се случува од 19ч. во понеделник на 01.10.2018 во МКЦ Клуб и ресторант во Скопје.

Официјален веб сајт: http://scupiniromani.mk/
Фејсбук настан: www.facebook.com/events/468054283684368/

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име