Дома Антропологија Палатите на старо Скопје – креативно брендирање на еден град

Палатите на старо Скопје – креативно брендирање на еден град

3,512 views
0

На 20 мај 2018 заедно со мојот тим од Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“, организиравме едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“. По 5 години постоење, за прв пат ХАЕМУС излезе од рамките на граѓанска организација и го претстави своето идно функционирање според моделот на социјалното претприемништво. По тој повод беше направена соработка со Grouper.mk на чијшто сајт можеа да се набават ваучерите за турата.

Оваа едукативна тура која дојде како follow up од еден голем проект за старо Скопје којшто го работевме минатата година со ХАЕМУС, инспирираше и неколку телевизии да направат кратки прилози на тематиката за старата скопска архитектура. Македонските медиуми екстремно го покрија настанот со написи и по овој повод дадов и официјална изјава:

– Во изминатата година „Хаемус“ изработи обемна научно-истражувачка студија посветена на животот во Скопје, кој културно, социјално и економски интензивно се развивал во периодот помеѓу двете светски војни. Дел од оваа студија е посветен и на таканаречените палати на старо Скопје, кои го преживеале земјотресот од 1963, а денес некои од нив се заштитени со закон и прогласени за културно наследство на Република Македонија. Со оваа тура сакаме искуството кое ги акумулиравме работејќи на овој проект да го споделиме со граѓаните и на тој начин  нашите сознанија за старо Скопје да ги дисеминираме со заедницата – изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Итинерарот на турата го работевме долго, со цел да биде економски одржлив на пазарот и за таа намена ХАЕМУС креираше и испечати промотивни флаери на англиски јазик, бидејќи клиентите ни се и домашните, но и странските гости кои доаѓаат да го посетат Скопје. А самите палати пак, изобилуваат со мноштво приказни честопати поврзани сo славни личности и нивниот приватен живот исполнет со хирови.

Промотивен флаер на англиски јазик за турата низ „Палатите на старо Скопје“

Во рамките на оваа прошетка беше вклучен едукативен дел за таканаречените палати на старо Скопје кои се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво, академизмот, традицијата и модерниот стил, а честопати се надополнети со елементи на византиска традиција, класика, ренесанса и барок. Целта на туратa низ центарот на Скопје е промоција и популаризација на богатото архитектонско наследство коешто несомнено оставило трага во архитектурата и уметноста на главниот град.

Екстремна покриеност и заинтересираност од македонските медиуми за турата низ „Палатите на старо Скопје“

Кога ќе се навршат повеќе од сто години од еден историски период, тој официјално и научно станува археологија, историја и антропологија на нашето совремие и се третира како културно наследство. Затоа нам далечните спомени од пред стотина години сместени во срцето на Скопје, денес сплотени во едно невообичаено „културно наследство“ на Република Македонија, ни ја раскажуваат приказната за „Палатите“ изградени во текот на првата половина на 20-тиот век, доловувајќи го шармот и духот на старото Скопје меѓу двете светски војни.

Во минатото богатите и славните луѓе во главниот град живееле во нив. Денес овие згради сведочат за животот во Скопје, кој културно, социјално и економски интензивно се развиваал во периодот 1918-1941 година. Во повеќето од овие палати денес се наоѓаат седишта на компании, национални ресторани, хотели или претставуваат приватни семејни домови, а некои од нив се и амбасади на ЕУ. Некои од палатите на старо Скопје се заштитени со закон и прогласени се за културно наследство на Република Македонија.

Гркот Зорба долго живеел во хотелот Бристол. Погребан е на скопските гробишта

Едукативната тура низ „Палатите на старо Скопје“ се правеше повод Меѓународниот ден на музеите 2018. За време на настанот се обезбеди влез во Музејот на град Скопје, а на присутните им беа поделени промотивни материјали во вид на водичи коишто ги добивме од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ.

Момент од едукативната тура низ „Палатите на старо Скопје3 – фото Маја Кузманоска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име