web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



PostHeaderIcon И пред Старата железничка станица на Скопје постоела Стара железничка станица на Скопје

И пред Старата железничка станица на Скопје, постоела Стара железничка станица на Скопје. Оваа оригинална Стара железничка станица на Скопје била пуштена во употреба во август 1873г., во времето на Отоманската империја. Возовите сообраќале на трасата Солун-Скопје-Митровица, во должина од 243 км. Пред пробивот на Солунскиот фронт, преку оваа железничка станица се опслужувале линиите: Гевгелија-Велес-Скопје; Скопје-Куманово-Табановце; Скопје-Волково-Генерал Јанковиќ и теснолинејката Скопје-Охрид. Од тој период во архивите се останати голем број на црно-бели фотографии, но и разгледници во боја. На една таква стара разгледница може да се види главниот влез на станицата, а одзади се наоѓале железничките линии. Архитектурата на објектот пред кој се наоѓаат тревници е со белези од неокласичен карактер.

The_old_railway_station_of_Skopje_postcard

На скопската железничка станица доаѓале и заминувале многу луѓе. Еден од нив ќе остави трага на животот во градот Скопје и формирањето граѓанска класа помеѓу двете светски војни (1918-1941). Светот подоцна ќе го запозне како Гркот Зорба – лик од истоимениот мега популарен грчки филм.

Пролетта 1922 г. на старата железничка станица во Скопје, од возот кој стигнал од Солун, слегол еден мустаќлија. Додека носачите од поштенскиот вагон го истоварале неговиот багаж, непознатиот кај отправникот на возовите се распрашувал каде се наоѓа хотелот „Ловец“. Откако слушнал дека се наоѓа во близина на станицата, дојденецот, кој за сето тоа време за рака држел 10-годишно девојче, им ја кажал адресата на носачите и тргнал по улицата Крал Петар која почнувала речиси од перонот. Ни првите шетачи кои биле измамени од сонцето на скопската улица ни човекот покрај кој потскокнувала неговата симпатична љубимица Екатарина не можеле да сонуваат дека триесетина години подоцна токму тој ќе стане јунак на славниот роман на Никос Казанѕакис.

Миле Раденовиќ | 70 години од смртта на Гркот Зорба

Поради унапредување на железничкиот сообраќај во 1937., овој објект бил намерно срушен. На негово место бил удрен камен-темелник на нова железничката станица која била пуштена во работа во 1940. и била најубава на Балканот во тоа време.

Stara-zeleznicka-stanica-Skopje2

Старата железничка станица на Скопје (1873). Во преден план е продавачка на млеко

Овој втор објект ќе биде срушен со катастрофалниот земјотрес од 1963. и денеска е Музеј на град Скопје, но кај мештаните засекогаш ќе остане познат под топонимот – Старата железничка станица на Скопје.

#моеСкопје #Центар  

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива