Home Антропологија На работ од нашите познавања за Македонија

На работ од нашите познавања за Македонија

6,059 views
1

Пред некој ден во емисијата ,,Na Rubu Znanosti” (HRT1) се зборуваше за древното рударење и во тој контекст најголем дел од времето при говорењето беше посветен на Македонија. Темата на оваа емисија го носеше насловот ‘Tragom Drevnog Rudarstva Balkana’, a како гостин настапи Домагој Николиќ, самопрозван истражувач за археологија и секакви други енергетски ентитети на Балканот. Внимателно ја изгледав целата емисија, но никако не можев да ја поврзам најавната шпица, темата на емисијата и изнесените претпоставки во неа, бидејќи не сфатив кој тоа во минатото рударел и зошто му била потребна рудата на пр. на локации како Кокино, Цоцев Камен, Маркови Кули, Ѓаволов ѕид и која беше улогата на споменатиот, но се уште научно не потврден геоглиф кај Свети Николе..

Можам да заклучам дека човеков навистина убаво зборуваше за Македонија. Толку убаво, како некој да му платил за ваков тип на раскажување во јавноста. И своите теории ги базираше на факти, локалитети и топоними кои вистински постојат, арно ама научната интерпретација му е крајно шпекулативна. Тој мендрира помеѓу информации од палеолита до тита, т.е. од праисторија па се до доцниот срден век, и инсинуира работи кои не постојат, како на пр. мрежа на тунели која се протега под Кратово, а пак Ѓаволскиот ѕид е природна геолошка формација, без интервенција од човекот. Не успеав да ја фатам нишката на вкопаните гробови цисти на Маркови Кули со рударењето, која беше всушност тема на емисијава. За Кокино и Цоцев Камен веќе е и научно познато дека не се мегалити, а за обсерватории мислењето ќе го дадат архео-астрономите, додека пак геоглифот кај Свети Николе досега не е научно интерпретиран од некој експерт по археологија, геологија или геоморфологија.

Навистина ми е доста од сите вакви квази-алтернативни гатачи по Балканов да изиграваат археолози при живи истражувачи-археолози, па згора на тоа да им се придава и на популарност во медиумите. Јавноста треба да биде лишена од овој тип на турбулентни емоционални субјективни влијанија и опсервирања, кои се крајно безобразни за науката и го рушат угледот на неколку научни дисциплини.

Чаре: публикување на научни трудови во престижни списанија за нашето природно и културно наследство и појавување во светските медиуми. Но имаме ли ние муда во Македонија за такво нешто како археолошка фела, а? Или уште ни гнои под ноктите археологијата од 19 век во која сме заглавени.

1 COMMENT

  1. Како ICOMOS му помогна на UNESCO да го потемни сјајот на нашето Кокино.
    Ако бараш научни мислења од реномирани, ќе поминеш со потемнување, како во претходната реченица. Затоа што сме МАКЕДОНЦИ, сакаат да не потемнат.

    Поздрав
    Кокан

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here