Home Антропологија Промоција – Музејски водич за деца

Промоција – Музејски водич за деца

2,011 views
0

Во четврток, на 15.03.2012 година во 11ч, во Музеј на Македонија ќе се одржи промоција на еден мал несекојдневен настан. За прв пат во македонија ќе биде презентиран првиот Музејски водич за деца.

Издавач на Музејскиот водич за деца е НУ Музеј на Македонија, автор е мојата колешка Лена Анѓелкоска која е кустос за предшколска и школска возраст во истата институција, додека автор на карикатурите е Никола Анѓелкоски.

Овој проект е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, како и со голема помош и поддршката од колегите археолози. По тој повод, археологот Лена Анѓелковска ќе изјави:

Музејскиот водич за деца, насловен како: „Патување во минатото на Архидон и Архидонка“ е прво од ваков вид издание во РМ и проба да се приближи археологијата и Музејот кон најмладите.

„Историја“, во буквален превод е „прикаска“ и е точно тоа што децата најмногу го сакаат. Можеби хронологијата е тешка задача, но таа мора да постои и кога тогаш ќе ја разберат.

Музејот треба да го освојат и тој да ги освои нив, исто така. Артефактите, старините. предметите што ќе ги сретнат во таа необична зграда без станари ќе треба да ги препознаат и да си претстават, со помош на многу својствената за нив бујната имагинација, како се живеело во минатото. И „минато време“ е поим кој треба да го осознаат токму во таа зграда наречена Музеј! Огромниот материјал, цели науки требаше да се соберат во овој мал водич.

Од антика до романтика, една од илустрациите во водичот за деца 😀

На една страна да се напише какви биле луѓето, тогаш и тогаш, да се даде основната, најбитната информација… да можат да ја проголтаат.
Децата знаат да те слушаат, со подотворена уста и зачуден поглед… Такви ги сакам и тогаш знам дека тоа е тоа и дека сум блиску до целта!
Археологијата може и да плени! А нели, сите информации треба да ги добијат од нас, возрасните.

Методот треба да е императив за сите приоди кон таа осетлива материја, какви што се децата! Тоа го знаат умните баби и дедовци, родителите треба да го знаат, а најмногу учителите!

Пожелувам, ова „воведение во храмот“ наречен Музеј, полн со докази за нашето постоење на оваа почва да стане вистиска ука и наука на младите, а овој Водич да им стане омилена лектира.

Голема благодарност до колегите од Музејот на Македонија!
Фала на уметникот, авторот на карикатурите-илустрации!
Сполај, на Министерството за култура на РМ.

Настанот со своја страница на фејсбук

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here