Home Антропологија Камен по камен, во камено време

Камен по камен, во камено време

2,072 views
0

Предисториските заедници имале посебен однос кон карпите и минералите. И многу познавања за нивните физички карактеристики. Во поголем дел од еволутивниот равиток на родот Homo, токму камениот материјал и начините на неговата употреба, му помогналет да ги развие сопствените когнитивни капацитети и да се одвои од животните. Почетните периоди од светската предисторија во своето име го носат зборот литос (lithos=камен), според најфреквентниот материјал кој се пронаоѓа на археолошките локалитети, иако покрај каменот, човекот ги користел дрвото, коската и рогот кои се од органски потекло и ретко се зачувани во геолошките депозити на земјата.

Бидејќи древните луѓе во голема мера зависеле од каменот, кој е всушност народен збор за збир од различни карпи или минерали, тие со текот на милениумите успеале да го совладаат ова богатство на земјината топка, да научат како да го пронајдат, како да ги препознаат добрите ‘камења’, како да го транспортираат на поголеми или помали дистанци, како да го разменат, да го донесат во своето живеалиште и како да ги научат техниките и вештините од него да направат употребливи предмети. Овие заедници во географскиот ареал кадешто живееле, во потрага по овие природни ресурси морале сето тоа однапред да го испланираат, со минимуму ризик, а голема придобивка од нивните истражувања. Во најмала рака, сето ова повлекува сложени комплексни социјални односи во рамките на еден истражуван археолошки локалитет (населба/регион/културна група), почнувајќи од организација и определба на луѓето кои оделе во потрага по камени суровини, па се до оние чија задача им било по цел ден од нив да делкаат камени алатки.

Изворот на суровина за Stonehenge
the picture is courtesy of National Geographic

Во археологијата како наука, од многу големо значење е кога ќе се открие изворот на суровината употребен за алатките/предметите на еден локалитет. Скоро вистински погодок е кога после многу истражувања, теренски проспекции, експериментална археологија, испитувања во лабараторија и компарација на материјалот, се докаже поврзаноста на истиот со неговите природни ресурси. Затоа и не треба да чуди популарноста на статијата во списанието National Geographic посветена на Stonehenge, дека е пронајден изворот на суровина за еден од најпознатите хенџови на светот. Но, на кој начин овие луѓе успеале да ги пресечат и транспортираат огромните камени блокови, се уште ќе остане научна загатка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here