Дома Cпонзорирано Ѓаволско око на Кала Тепе – историско наследство на Македонија

Ѓаволско око на Кала Тепе – историско наследство на Македонија

6,662 views
2

Пред некој ден бев на терен во Дојран и неговата околина. Во соработка со општината на град Дојран и локалното население, ги барав рововите од Првата Светска Војна и стратешките позиции, за да видам колку е останато од археолошките остатоци. Всушност, позициите точно се знаат и се видливи на површината, но воопшто не се документирани по археолошки пат. Општината на Дојран сака овие позиции, подоцна познати како Битката за Дојран или Солунски фронт, да ги претвори во туристички дестинации и навистина имаат доста сторено околу тоа во последните 2-3 години.

Споменикот на 22 англиска дивизија кои бил подигнат во чест на загинатите војници со години беше изгубен. Беше повторно откриен меѓу вегетацијата прилично оштетен и вандализиран. За да ја обележи годишнината од крајот на Првата светска војна Британската Амбасада во соработка со Општина Дојран одлучи да постави реплика на споменикот инспирирана од оригиналот на ова место. Репликата се наоѓа веднаш над оригиналната плоча, а во меѓувреме целото место е исчистено од неексплодирани мини од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на околината. Околу споменикот има патеката и клупи кои се поставени од Општина Дојран.

Наоколу се гледаат делови од разурнати комплекси на бункери и ровови. Бункерот кој се наоѓа токму пред карпата каде е подигнат споменикот на 22 Дивизија, во последните битки од септември 1918 г. бил уништен и паднат, додека архитектонски остатоци од другите бункери, позиции, митралески гнезда и ровови се наоѓаат на исток и север,  и тие може да се видат и денес.

Kale Tepe - Dojran

На сликава стојам на Ѓаволско око, највисоката точка на Кала Тепе (Дојран). Позади мене се простира Дојранското езеро, а под мене се наоѓа главниот бункер од кои се раководеле сите стратешки операции во Првата Светска Војна. Бункерот е освоен од 22 англиска дивизија на 18 Септември 1918 г.

Се работи за фантастичен пејсаж кој во светот е познат како “landscapes of conflict”, а спаѓа во во рамките на т.н. military archaeology. Тие ги опфаќаат физичките остатоци од значајни точка во европската и светската историја за да објаснат што е тоа кое довело до создавањето на ‘модерна Европа’. Не сме ни свесни дека дома имаме историско наследство, исто онакво како што го гледате секој ден во документарците на History Channel. Пред телевизорот ќе свиснете, ама никогаш не би ви паднало на памет да појдете до Дојран и истото тоа што го гледате на документарните емисии, да го доживеете во живо. 🙂

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име